Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch EasyVac 12 Originalbetriebsanleitung Seite 87

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für EasyVac 12:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-2837-003.book Page 87 Monday, December 11, 2017 11:44 AM
Чистење на комората за прав
(види слики C1–C2)
Исчистете ја комората за прав 6 по секоја употреба, за да
го одржите максималниот капацитет на вшмукувачот.
– Држете го вшмукувачот лесно навален, за да не падне
прав од комората за прав при отворањето на
вшмукувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 6 од куќиштето за моторот 5.
– Истресете ја комората за прав 6 над еден соодветен сад
за отпад.
– Доколку е потребно, со влажна крпа исчистете ги
всисувачот за прав и филтерот за груби нечистотии 15.
Доколку е потребно, исчистете го филтерот 16 (види
„Чистење на филтерот", страна 87).
– Прикачете ја комората за прав долу во куќиштето на
моторот и притиснете ја малку за да се вклопи.
Чистење на филтерот (види слики D1–D4)
Филтерот 16 не смее да се чисти влажен.
– Држете го вшмукувачот лесно навален, за да не падне
прав од комората за прав при отворањето на
вшмукувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја
комората за прав 6 од куќиштето за моторот 5.
– Извлечете го филтерот за груби нечистотии 15 од
филтерот 16.
– Посегнете во отворот 17 на куќиштето на моторот 5 и
извлечете го филтерот 16 на дихтунгот на филтерот 18
од куќиштето на моторот.
– Внимателно потчукнете го филтерот 16 над соодветен
сад за отпад.
Исчеткајте ги ламелите на филтерот со меко метличе.
– Вградувањето се врши по обратен редослед.
Чување
– Ставете ја опремата за вшмукување во држачот
предвиден за таа намена 8 на вшмукувачот.
Опционално, користете го држачот за ѕид 19 за да
заштедите на простор при чувањето на вшмукувачот и
неговата опрема (види слика E).
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на вшмукување:
– Дали е полна комората за прав 6?
▷ Види „Чистење на комората за прав", страна 87.
– Дали филтерот 16 е запушен со прав?
▷ Види „Чистење на филтерот", страна 87.
– Дали е преслаб капацитетот на батеријата?
▷ Види „Полнење на батеријата", страна 86.
Редовното празнење на садот за прав и чистењето на
филтерот гарантираат оптимален перформанс на
всисување.
Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина
на вшмукување, однесете го вшмукувачот во сервисната
служба.
Bosch Power Tools
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Вшмукувачот, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не го фрлајте вшмукувачот и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива 2012/19/EU
вшмукувачите што се вон употреба и дефектните или
искористените батерии според регулативата 2006/66/EG
мора одделно да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт",
cтрана 87.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 87
1 609 92A 47K | (11.12.17)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis