Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch AKE 35-19 PRO Originalbetriebsanleitung Seite 258

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AKE 35-19 PRO:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-2379-001.book Page 258 Thursday, March 2, 2017 1:02 PM
258 | Македонски
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Напомена: Следниве операции извршувајте ги редовно,
за да обезбедите долготрајна и сигурна употреба на
уредот.
Редовно прегледувајте ја пилата за очигледни дефекти,
како што се лабави, изместени и оштетени ланец и плоча,
олабавени спојки и истрошени или оштетени делови.
При демонтажата на пилата со синџир, внимавајте таа
претходно да е олабавена со затегнувачкиот прстен на
синџирот 13. Демонтажата без претходно олабавување
може да доведе до оштетување на пилата со синџир.
Проверете дали се неоштетени и исправно поставени сите
штитници и капаци. Пред употреба извршете ги
неопходните поправки и замени.
Напомена: Пред да ја вратите пилата, испразнете го
резервоарот од маслото.
Замена на ланецот и плочата
Проверете ги ланецот и плочата според упатствата дадени
во поглавието «Затегнување на ланецот».
Кружниот жлеб на плочата со време ќе се истроши,
особено на долниот раб. Кога го заменувате ланецот,
плочата свртете ја за 180 °, за плочата рамномерно да се
троши и подолго да трае.
Монтирајте ја завртката за затегнување на ланецот 22 на
мечот, така што ќе ги олабавите шрафовите и завртката за
затегнување на ланецот 22 ќе ја затегнете на другата
страна.
Проверете го дискот на ланецот 18. Ако е истрошен или
оштетен, треба да се замени во овластен Бош сервис.
Оштрење на ланецот
Ланецот треба да го оштри професионално овластен Бош
сервисер, или наоштрете го сами со помош на прибор
препорачан за Вашиот ланец. Применувајте ги упатствата
за оштрење приложени со приборот.
Проверка на автоматското подмачкување
Правилното фунционирање на подмачкувањето
проверете го така што ќе ја насочите пилата додека работи
кон лист хартија или картон што се наоѓа на земја. Не
допирајте ја земјата со пилата, држете ја на безбедно
растојание од 20 цм. Ако на листот рамномерно прска
масло, автоматското подмачкување работи. Ако на листот
нема масло и покрај тоа што резерварот за масло е полн со
масло, види во поглавието «Отстранување грешки» или
обратете се во Бош сервисен центар.
F 016 L81 137 | (2.3.17)
После употреба/складирање
Исчистете го извалканото куќиште на пилата со мека четка
и чиста крпа. Не користете вода, разредувачи и полир
пасти. Отстранете го сето ѓубре, особено од отворите за
ладење на моторот.
1 – 3 часа по завршувањето на работата, тргнете ја
покривката 15, плочата 11 и ланецот 10 и исчистете ги
користејќи четка.
Исчистете под покривката 15, дискот 18 и плочата од
преостанатата валканштина. Исчистете го одводот за
масло 19 со чиста крпа.
Доколку механизмот за затегнување на синџирот 15 е
тешко достапен, извадете го капакот , свртете ги
затегнувачката рачка 14 и затегнувачкиот прстен на
синџирот 13 еден наспроти друг, така што наслагите во
внатрешноста на механиката ќе се ослободат и ќе
испаднат. Лесно тропнете со поклопецот 15 на цврста
површина. Доколку механиката е многу извалкана, за
чистење употребете мека четка или компресиран воздух,
а во никој случај не употребувајте било какви алати.
Ако ја складирате пилата на подолг период, исчистете го
ланецот 10 и плочата 11.
Чувајте ја пилата на суво, безбедно место вон дофат на
деца.
Не ставајте други предмети на пилата.
Внимавајте да ја поставите пилата со капачето за масло 4
нагоре.
Ако пилата ја чувате во оригиналното пакување,
резервоарот за масло мора потполно да се испразни.
Опрема
Чистење
Масло за ланец за пила, 1 литар . . . . . . . . . 2 607 000 181
Ланец
AKE 35-19 Pro . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 239
AKE 40-19 Pro . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . F 016 800 240
Сервисна служба и совети при
користење
www.bosch-garden.com
При секоја кореспонденција и нарачка на резервни
делови, Ве молиме вклучете го десетцифрениот број што
се наоѓа на натписната плочка.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis