Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

GGP R 430 Serie Betriebsanleitung Seite 39

Inhaltsverzeichnis
MK
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА
1. ЗАВРШНА МОНТАЖА
ЗАБЕЛЕШКА - Тревокосачката може да биде опремена со
некои веќе монтирани компоненти.
ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да се
извршат на цврста и рамна површина со доволно простор
за поместување на машината и на амбалажата користејќи
секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во
согласност со важечките локални закони.
1.1
Модели со преклопник на кружните рачки:
Двата краеви на поголемиот дел од држачите отворете ги (1) на
начин за да можете да ги вметнете во соодветните места (2)
комплетно одвоено од приклучокот на кабелот (3).
1.2a
Држач тип "I"- без регулација на висината - Поставете
ги правилно пластичните подметки (1 и 2) на страничните
држачи на шасијата. Поставете го долниот дел од ракофатот (3)
и спојте го со употреба на приложените завртки (4), како што е
прикажано.
Поставете го горниот дел (5) со приложените завртки (6).
Поставете ги стегалките на каблите (7) како што е прикажано.
Точната положба на држачот-водилка на кабелот (8) е како што
е прикажано на цртежот.
1.2b
Држач тип "II"- со регулација на висината - Вратете го
долниот дел од претходно склопениот ракофат (1) во работна
положба и прицврстете го на место со долната стега (2).
Поставете го горниот дел (3) со приложените завртки (4).
Поставете ги стегалките на каблите (5) како што е прикажано.
Точната положба на држачот-водилка на кабелот (6) е како што
е прикажано на цртежот.
Со олабавување на стегалките (2) ракофатот може да се
постави на три различни висини.
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ
2.1
Моторот се контролира преку прекинувач со двојно
дејство кој спречува негово несакано случајно стартување.
За стартување на моторот, притиснете го копчето (2) и
повлечете го лостот (1). Моторот автоматски застанува при
отпуштање на лостот (1).
2.2
Височината на косење се регулира со употреба на лосто-
вите (1).
Кај некои модели, отстранете го поклопецот (2) одвртете ја
осовината (3) со клучот (4) кој ви е даден; поставете ги тркалата
во отворот (5) кој соодветствува со посакуваната висина на
сечење, завртетете ја докрај осовината (3) со клучот (3).
Четирите тркала мораат да бидат на еднаква височина.
ОВА РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА.
2.3
Кај моделите со спојка на погонот, притиснете го лостот
(1) кон ракофатот за движење нанапред.
Тревокосачката го запира движењето нанапред кога ќе го
отпуштите лостот.
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА
3.1
Подигнете го дефлекторот (штитникот) и соодветно
прицврстете го цврстиот магацин за трева (1) или платнениот
магацин за трева (2) како што е прикажано на соодвените
цртежи.
3.2
Прикачувајте го правилно продолжниот кабел како е
прикажано.
Стартувајте го моторот со притискање на безб едносниот
прекинувач (2) и повлекување на лостот (1) на спојката на
погонот.
3.3
Додека косите, внимавајте кабелот за напојување
секогаш да биде зад вас и на површината која е веќе покосена.
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед ако косењето се
изведува секогаш на иста висина и наизменично во два правци.
3.4
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете го лостот (1).
ПРВО исклучете го кабелот за напојување од мрежната
приклучница (2) и ПОТОА од страната на спојката на
тревокосачката (3).
ПОЧЕКАЈТЕ НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ пред да започнете
со било каква работа на косачката.
ВАЖНА НАПОМЕНА
Ако моторот запре во текот на работата заради прегревање,
почекајте околу 5 минути пред одново да го стартувате.
4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е неопходно за да
се сочуваат степенот на сигурност и оригиналноста на
тревокосачката.
Тревокосачката одлагајте ја на суво место.
1) Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред секое
чистење, чување или регулирање на тревокосачката.
2) По секое косење, остранете ги остатоците од трева и кал
наталожени во внатрешноста на шасијата за да избегнете
исушување на истите кои можат да предизвикаат
потешкотии во нарденото користење.
3) Осигурете се дека слободните делови се без остатоци.
4) Г лазурата во внатрешноста на шасијата може да се одвои со
тек на време поради абразивни дејствија на исечената трева;
во тој случај, интервенирајте на време поправајќи ја
глазурата со средство против рѓосување, за да спречите
создавање на рѓа која може да доведе до корозија на
металот.
4.1
Секоја интервенција врз ножевите мора да се извршува
во специјализиран сервис каде има посоодветна опрема.
За оваа машина се предвидени ножеви кои го носат знакот:
81004341/3 (за модел 430)
81004346/3 (за модел 480)
Ножевите треба секогаш да се обележани со знакот
развојот на производот, горенаведените сечива треба со време
да се заменат со други со соодветни карактеристики за замена
и функционална безбедност.
Поставете го сечивото одново (2) со знакот и обележувањето
свртени кон теренот следејќи го посочениот редослед на
сликата.
Зашрафете ја централната навртка (1) со динамометричен клуч
со калибрација од 16-20 Nm.
4.2
Немојте да користите вода под притисок и избегнувајте
влажнење на моторот или електричните компоненти.
Немојте да користите груби средства за чистење на шасијата.
4.3
Кај моделите со влечење, правилната затегнатост на ре-
мените се постигнува за половина од навртката (1) сe додека не
се постигне посочената мерка (6мм).
5. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува
релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист
на граѓанските погодности и на просторот во кој живееме.
– Избегнувајте постоење на елементи на нарушување во
непосредното опкружување.
– Следете ги точно локалните закони за фрлање на
материјалите кои ќе се резултат на сечењето.
– Доследно следете ги локалните закони за фрлање на
амбалажата, делови во распаѓање или какви било елементи
со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци
не смее да се фрлаат во ѓубре туку треба да се селектираат
и однесат во соодветни собирни центри кои рециклираат
материјали.
– При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде
било во природата, туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
6. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
ВНИМАНИЕ: Заради ваша лична безбедност, изречно е
забрането монтирање на каква било дополнителна опрема што
не се наведени во следниот список кои се дадени соодветно за
моделот и типот на вашата машина.
6.1
Комплет за "дробење" (ако не е доставено)
Ја дроби ситно покосената трева и ја распределува врз тре-
вникот, што е алтернатива за косење во вреќа.
Ако имате било какви недоумици или проблеми, немојте да се
двоумите да контактирате со најб-лискиот Сервисен Центар или
Продажен пункт.
. Заради
37
Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis