420 МАКЕДОНСКИ
3 Започнете го процесот на готвење со притиснување на
копчето за започнување/паузирање.
Забелешка
Во следната табела може да најдете повеќе информации за
•
однапред поставените опции.
Совет
Кога готвите свеж помфрит или замрзнати закуски од компир,
•
апаратот ќе ве потсети да ја протресете храната за да добиете
хомогена зготвена храна. За да го исклучите овој потсетник,
вклучете го апаратот, а потоа притиснете ги долго копчињата за
однапред поставени програми за замрзнати закуски од компир
и домашен помфрит во исто време. За повторно да го вклучите
потсетникот за протресување, вклучете го апаратот и повторно
притиснете ги долго копчињата за однапред поставени програми
за замрзнати закуски од компир и домашен помфрит во исто
време.
Ако ги приспособите однапред поставените програми за
•
свеж помфрит и закуски од компир со зачувување време и
температура по ваш избор, потсетникот за протресување ќе се
исклучи автоматски.
Уредот ќе ве потсети да ја протресете храната 4 пати ако готвите
•
со една од овие 2 однапред поставени програми. За да го запрете
звучниот сигнал за време на готвењето, притиснете го кратко
копчето за започнување/паузирање или извлечете ја корпата за
да го протресете помфритот. На овој начин нема да ја исклучите
функцијата за потсетник за протресување, туку ќе го исклучите
само звучниот сигнал за тековниот процес на готвење.
Приспособување на однапред поставените програми
За да зачувате време и температура по ваша желба за некоја
однапред поставена програма на Airfryer, притиснете го
кратко копчето за претпочитаната однапред поставена
програма на Airfryer. Променете го времето и/или
температурата, а потоа притиснете го долго истото копче за
однапред поставена програма сè додека уредот генерира
звучен сигнал за да ги зачувате вашите поставки.
Враќање на зададените поставки за однапред
поставените програми
За да ги ресетирате вашите поставки за некоја однапред
поставена програма, притиснете го кратко копчето за
претпочитаната однапред поставена програма, а потоа
повторно притиснете го долго истото копче за однапред
поставена програма сè додека уредот генерира звучен сигнал.