3 Ставете ги состојките во корпата.
Забелешка
Во апаратот Airfryer може да подготвувате различни состојки.
•
Погледнете ги точните количини и приближното време на
готвење во „Табелата за храна".
Немојте да ја надминувате количината наведена во делот „Табела
•
за храна" или да ја преполнувате корпата над ознаката „MAX"
бидејќи тоа може да го намали квалитетот на крајниот резултат.
Немојте да ја надминувате ознаката MAX со икона за помфрит
•
наменета за замрзнати закуски од компир и домашен помфрит.
Ако сакате да подготвувате различни состојки истовремено,
•
проверете го предложеното време на готвење потребно за
различните состојки пред да почнете да ги готвите истовремено.
4 Вратете ја тавата со корпата во Airfryer.
Внимание
Никогаш не користете ја тавата без корпата во неа.
•
Не допирајте ја тавата или корпата за време на користењето и
•
одредено време по употребата, бидејќи се многу жешки.
5 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да
го вклучите апаратот.
6 Притиснете го копчето за зголемување или намалување
на температурата за да ја изберете потребната
температура.
7 Притиснете го копчето за зголемување на времето за да
го изберете потребното време.
МАКЕДОНСКИ
415