Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTS 10 J Originalbetriebsanleitung Seite 285

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTS 10 J:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 15
OBJ_BUCH-1325-004.book Page 285 Tuesday, September 13, 2016 1:06 PM
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
– Внимавајте на тоа да ја отстраните амбалажата под
блокот на моторот.
Следните елементи на уредот се прицврстени директно на
куќиштето:
подвижна водечка летва 23, окаст клуч 22, клуч со
внатрешна шестаголна глава 21 и 64, паралелен
граничник 10, аголен граничник 3, адаптер за
вшмукување 32, дополнителен паралелен граничник 37
со сет за прицврстување 38, заштитна хауба 6.x.
– Внимателно извадете ги овие елементи на уредот од
нивното депо за чување.
Погледнете ги и сликите Y1–Y6.
Монтирање на плочата за вметнување (види слика A)
– Закачете ја плочата за вметнување 24 во задните
жлебови 34 на отворот на алатот.
– Поместете ја плочата за вметнување надолу.
– Притиснете на плочата за вметнување додека не се
вклопи во отворот на алатот.
Предната страна на плочата за вметнување 24 мора да
биде во рамна линија со или малку под масата за пилата, а
задната страна мора да биде во рамна линија со или малку
над масата за пилата. (види и „Подесување на нивото на
плочата за вметнување", страна 291)
Монтирање на заштитната хауба* (види слика B)
* во зависност од изведбата за односната земја
– Свртете ја курблата 19 во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што листот на пилата
26 се наоѓа во највизоката можна позиција над столот
на пилата.
– Повлечете го клинот за расцепување 25 до крај нагоре.
– Закачете ја заштитната хауба 6.x во жлебот во клинот за
расцепување 25.
– Затегнете го затегнувачкиот лост 8.1.
или
Затегнете ја завртката за затворање 8.2 со клучот со
внатрешна шестаголна глава 21.
– Поставете ја заштитната хауба според висината на
предметот за обработка.
Заштитната хауба при сечење мора секогаш да стои
лабаво на предметот за обработка.
Bosch Power Tools
Напомена: Затегнувачкиот лост 8.1 има слободен од, за
да можете да го вртите во ергономски поволна позиција
или во позиција со заштеда на простор.
На затегнатиот лост тргнете ја дршката од заштитната
хауба, свртете ја во саканата позиција и оставете ја
повторно да се врати во претходната положба.
Монтирање на паралелниот граничник (види слика C)
Паралелниот граничник 10 може да се позиционира лево
или десно од листот за пилата.
– Олабавете ја затегнувачката дршка 35 на паралелниот
граничник 10.
На тој начин се растеретува V-водилката 36.
– Најпрво ставете го паралелниот граничник со V-
водилката во водечкиот жлеб 11 на масата за пила.
Потоа позиционирајте го паралелниот граничник во
предниот водечки жлеб 2 на масата за пила.
Сега паралелниот граничник може да го поместувате по
желба.
– За фиксирање на паралелниот граничник притиснете ја
затегнувачката дршка 35 надолу.
Монтирање на дополнителниот паралелен граничник
(види слика D)
При сечење на тесни парчиња и вертикални агли на
закосување мора да го монтирате дополнителниот
паралелен граничник 37 на паралелниот граничник 10.
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник 10.
За монтажа на сетот за прицврстување користете го
„дополнителниот паралелен граничник" 38. (3 завртки за
прицврстување, 3 подлошки, 3 пеперутка-навртки)
– Провлечете ги завртките за прицврстување низ
страничните отвори на паралелниот граничник 10.
Главите на завртките служат како водилка на
дополнителниот паралелен граничник.
– Поместете го дополнителниот паралелен граничник 37
над главите на завртките за прицврстување.
– Поставете ги подлошките на завртките за
прицврстување и затегнете ги завртките со помош на
пеперутка-навртките .
Монтирање на аголниот граничник (види слики E1–E2)
– Ставете ја шината 39 на аголниот граничник 3 во
соодветните жлебови на водилката 5 на масата за пила.
За подобро налегнување на долгите делови за обработка
аголниот граничник може да се прошири низ профилната
шина 28 .
– По потреба монтирајте ја профилната шина со помош
на сетот за прицврстување 40 на аголниот граничник.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Македонски | 285
1 609 92A 2C1 | (13.9.16)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis