Упатство за користење
Упатство за користење
MK
СЛУШАЛКИ И ЗАШТИТНИК ЗА СЛУХ СО НАМАЛУВАЊЕ НА БУЧАВАТА
Со ова, Zekler Safety, изјавува дека заштитникот за слух Zekler 412 е во согласност со PPE
регулативата ЕУ 2016/425, RED Директивата 2014/53/EU (Европа) и важечките делови од европските
стандарди:
• EN 352-1 (лента за на глава/врат)
• EN 352-3 (приклучок за шлем)
• EN 352-4 (зависно од нивото)
• EN 352-6 (надворешен аудио излез)
• EN 352-8 (забава - радио FM и Bluetooth®)
Целосниот текст на декларацијата за сообразност на ЕУ е достапна на следнава Интернет-адреса:
www.zekler.com/Declaration-of-conformity
За датумот на производство видете го часовникот за датум во внатрешноста на слушалката.
Очекуваниот животен век на производот, со исклучок на неговите батерии, е 5 години.
Тестирано според Директивата за радио опрема (RED) 2014/53/EУ (Европа) од страна на Nemko,
нотифицирано тело: 0470.
Овој производ е покриен со Директивата WEEE (2012/19/EU) (Отпадна електрична и електронска
опрема). Не фрлајте го вашиот производ како несортиран комунален отпад. Батериите мораат да се
отстранат во согласност со националните прописи. Користете локален систем за рециклирање на
електронски производи.
Овие слушалки се дизајнирани за стандардот 4.1 (профили за слушалки, хендзфри и A2DP),
стандардот BT4.1 (без паметна/BLE поддршка) на Bluetooth®.
A2DP 1.3
HSP 1.2
HFP 1.5
Овој штитник на слухот е наменет за заштита на корисникот од опасни нивоа на бучава кога е
наместен во согласност со оваа упатство за употреба. Сите други употреби не се наменети и затоа не
се дозволени.
Функциите и упатствата за користење се разликуваат според моделите. Следете ги
упатствата што се однесуваат на вашиот модел.
Слушалките ги комбинираат функциите за ФМ-радио, „активно слушање" според нивото и безжична
комуникација преку мобилен телефон (или други уреди) и уреди за непрекинат тек на музика (MP3-уреди,
мобилни телефони, компјутери и др.) коишто се компатибилни со Bluetooth® и A2DP (Профил за напредна
дистрибуција на аудио - Advanced Audio Distribution Profile).
Микрофонот на држач за елиминирање на звук овозможува јасна комуникација дури и при високи
нивоа на бучава.
Внимателно прочитајте ги упатствата со цел да ги искористите сите придобивки од
вашиот производ од Zekler.
• За да добиете оптимална удобност и најдобар ефект од овој заштитник за слух, тој мора да се
користи, одржува и приспособува според следниве упатства.
• Штитниците за уши, особено перничињата, можат да се оштетат со текот на користењето и
треба да се проверуваат редовно за пукнатини и пропуштање.
• Користењето на средства за хигиенска заштита или потење врз прстените за прицврстување
може да ги намали својствата на заштитникот за слух за намалување на бучавата.
• Одредени хемиски супстанци може да имаат уништувачки ефект врз овој производ.
Производителот може да ви понуди повеќе информации.
• Својствата на заштитникот за слух за намалување на бучавата можат значително да се намалат
ако користите додатоци како дебели рамки за очила, маски/качулки за скијање итн. Отстранете
ја целата коса под прстенот за прицврстување и поставете ги штитниците за уши врз ушите
за да добиете удобно и пријатно чувство. Внимавајте ушите да бидат целосно покриени со
штитниците за уши и да добиете еднаков притисок околу ушите.
• Веднаш фрлете го производот ако покажува знаци на распукнување или оштетување.
• Звучноста на предупредувачките сигнали на одредено работно место може да биде нарушена
поради прекумерната заштита кога се користи штитник за слух со преголеми перформанси за
104