Како да регистрирате повеќе паметни телефони на една спојница
На една спојница може да регистрирате повеќе од еден паметен телефон, но само еден
паметен телефон може да биде поврзан активно одеднаш. Извршете ги чекорите за
регистрација за еден паметен телефон одеднаш. За да се префрлате меѓу поврзани
корисници, поврзаниот корисник мора да изберете „Исклучи" во Поставките за да му
овозможи на друго лице да се поврзи.
РАБОТЕН ПРИНЦИП
Откако сте ја инсталирале спојницата SENSORSAFE на седиштето и сте ја поврзале
со апликацијата, таа ќе комуницира со паметниот телефон кога е затворена.
ЛЕД-светилката на спојницата ќе свети со сина боја кога ќе се поврзе успешно со
апликацијата за мобилни уреди CYBEX на паметниот телефон. Црвеното светло
покажува дека спојницата не е поврзана со апликација.
Затворената спојница, поврзана преку функцијата Bluetooth, ќе ги праќа следните
MK
информации кај апликацијата:
• состојба на спојницата (отворена или затворена)
• амбиентална температура околу спојницата
• состојба на батерија
Освен тоа, SENSORSAFE ќе праќа предупредувања за можни небезбедни ситуации. Ќе
добиете известување кога:
• амбиенталната температура околу спојницата се приближува на критично ниво
(премногу висока или премногу ниска),
• спојницата е закопчана подолго од два часа,
• спојницата се откопча,
• се оддалечувате од одреден опсег околу автомобилот, а спојницата сè уште е
затворена.
124
Ако останете предолго надвор од опсегот и спојницата сè уште е затворена, ќе се
известат членовите на семејството за итен случај што сте ги одредиле во апликацијата.
За да бидете сигурни дека се примаат овие критични безбедносни известувања,
одредете најмалку 2 семејни члена за итен случај. Детални информации за
апликацијата CYBEX може да најдете на www.cybex-online.com.
Спојницата SENSORSAFE е дизајнирана да преминува во режим на мирување по 12
часа, за да се зачува времетраењето на батеријата. За да ја активирате, отворете ја
спојницата и затворете ја повторно.
Кога спојницата SENSORSAFE не се употребува, треба да се чува во отворена
1
позиција за да се зачува времетраењето на батеријата.
ЗАМЕНА НА БАТЕРИЈАТА
Апликацијата CYBEX ја покажува состојбата на батеријата на спојницата. Исто така,
ЛЕД-светилката на спојницата ќе трепка брзо откако ќе се затвори ако батеријата е на
ниско ниво, а нема да трепка воопшто ако батеријата е целосно празна. Заменете ја
батеријата навремено за да може да се поврзете со SENSORSAFE.
За да ја замените батеријата, отворете го одделот што се наоѓа во задниот дел на
спојницата со шрафцигер крстач (9). Отстранете ја печатената плочка и старата
батерија. Внесете нова батерија CR2032 (10) и внесете ја повторно печатената плочка
во спојницата за гради со батеријата завртена нагоре (11). Откако ќе ја замените
батеријата, треба да бидете во можност да ја поврзете спојницата со апликацијата
CYBEX.
Земете го предвид следното кога ја заменувате батеријата:
• Сите батерии треба да се чуваат надвор од дофат на деца.
• Користете го само препорачаниот тип батерии CR2032 (Panasonic или Energizer).
• Празната батерија мора секогаш да се отстрани за да се заштити производот од
истекување на течностите од батеријата.