Herunterladen Diese Seite drucken

CYBEX SENSORSAFE Bedienungsanleitung Seite 126

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für SENSORSAFE:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Обезбедете дека сигурносниот каиш минува во права линија низ двата процепи и дека
1
не е превиткан (3). За да ја деинсталирате спојницата, турнете го сигурносниот каиш
и извадете го од процепите.
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО СО СИГУРНОСЕН КАИШ И СПОЈНИЦА
Приспособете го седиштето во согласност со упатството за корисник на седиштето.
Врзете го детето како што е опишано во упатството за корисник на седиштето
(погледнете го поглавјето: „ВРЗУВАЊЕ СО СИСТЕМОТ НА СИГУРНОСНИ КАИШИ")
Откако ќе ја затворите закопчувалката, продолжете со следните дополнителни чекори:
• затворете ја спојницата сè додека не го слушнете карактеристичниот звук (4).
• Најпрво турнете ја затворената спојница надолу во правец на закопчувалката.
• Влечете го внимателно централниот каиш за прилагодување за да ги затегнете
каишите за рамо соодветно на детското тело (5).
• Поставете ја спојницата директно под подлошките за рамо (6).
Бидете сигурни дека системот со сигурносни каиши е добро прицврстен и дека
1
каишите не се превиткани. За да ја отворите спојницата, притиснете го средното
копче и одвојте ги двата дела (7).
АПЛИКАЦИЈА CYBEX
Преземање и поставување
Апликацијата CYBEX може да се преземе бесплатно од Apple App Store или од Google
Play Store. За да ја користите спојницата SENSORSAFE поврзана со апликацијата
CYBEX погрижете се:
• апликацијата да биде инсталирана на паметниот телефон,
• да биде вклучена функцијата Bluetooth,
• спојницата да биде затворена и паметниот телефон да биде поврзан со неа,
• апликацијата CYBEX да има дозвола да праќа известувања и јачината на звук да
биде вклучена (режимот „Не вознемирувај" да биде деактивиран).
Пред првата употреба
Пред да ја употребите SENSORSAFE првпат, спојницата мора да се регистрира на
вашата сметка на паметниот телефон. Во иднина системот ќе се активира автоматски
кога спојницата е затворена и функцијата Bluetooth е активирана на паметниот телефон,
но апликацијата мора да работи во заднина и да не биде затворена на телефонот.
За поврзување, направете го следното:
1. Повлечете ја лентата за извлекување на батеријата од спојницата за гради
SENSORSAFE и отфрлете ја (8).
2. Активирајте ја функцијата Bluetooth на паметниот телефон, отворете ја апликацијата
CYBEX и следете ги упатствата за регистрација. Затворете ја спојницата. Кога
спојницата успешно ќе се поврзе со апликацијата, ќе се вклучи ЛЕД-светилка со
сина боја и спојницата ќе почне да праќа информации. Сега може да ја видите
спојницата SensorSafe во списокот со уреди во апликацијата за мобилни уреди
CYBEX.
3. Тестирајте ги предупредувањата на системот SensorSafe пред да го употребите со
детето, за да видите на кои начини се активираат безбедносните известувања.
Како да регистрирате повеќе спојници на еден паметен телефон
На еден паметен телефон и сметка може да поврзете повеќе спојници и да бидете
поврзани со нив истовремено. За да го направите тоа, поврзете го паметниот телефон
со секоја поединечна спојница со кликнување на „Додај нов уред" и следете ги
упатствата. Кога регистрирате нова спојница првпат, оставете ги откопчани сите други
спојници во близина.
MK
123

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

521002899