Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Затегнување На Ланецот (Sвиди Слики B Und E) (Ake 30/35/40) - Bosch AKE 30 Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AKE 30:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 9
OBJ_BUCH-2245-001.book Page 268 Thursday, October 16, 2014 11:51 AM
268 | Македонски
да биде заштитен од прскање вода и да биде направен од
гума или обложен со гума. Продолжниот кабел мора да се
употребува со соодветна врска.
Продолжниот кабел мора редовно да се прегледува за
евентуални оштетувања и да се користи само ако е во
совршена состојба.
Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи
Бош електричар.
Монтажа и затегнување на пилата
 Не приклучувајте ја пилата на струја ако не е во
потполност склопена.
 Секогаш носете заштитни очила кога работите на
пилата или со неа.
Монтажа на ланецот и плочата (види слики
A1–A3) (AKE 30 S/35 S/1835 S/
40 S/45 S)
– Извадете ги сите делови од пакувањето.
– Ставете ја пилата на прикладна површина.
– Ставете го ланецот 9 во лежиштето околу плочата 10.
Внимавајте да го поставите ланецот во правилната
насока, споредувајќи го ланецот со симболот за
ротација 22.
– Ставете го ланецот на дискот 20 и ставете ја плочата 10
така што навртката за прицврстување 21 и двете
водилки 24 да влезат во соодветните отвори на плочата
10 и клинот за затегнување на ланецот 25 да влезе во
соодветниот отвор на плочата 10.
Ако е потребно, прилагодете ја навртката за
затегнување на ланецот 14 така што клинот за
затегнување 25 со соодветната дупка во плочата 10 да
се израмни.
– Проверете сите делови да легнат на своето место и
држете го ланецот и плочата во оваа положба. (види
слика А2)
– Вртете ја навртката за затегнување 14 додека ланецот
не стане благо затегнат.
– Ставете ја покривката 13 на своето место.
– Со рака вртете ја навртката за прицврстување 12 на
завртката за прицврстување 21. (види слика А3)
 Ако е премногу затегнат, ланецот може да попушти
во тек на употреба.
 Навртката за прицврстување мора само лесно да ја
фаќа плочата.
Затегнување на ланецот (види слики A1–A3 и E)
(AKE 30 S/35 S/1835 S/40 S/45 S)
Ланецот проверувајте го секогаш пред употреба, после
првата употреба и редовно отприлика на секои 10 минути.
На почетокот на употребата, новите ланци можат значајно
да се олабават.
Животниот век на ланецот зависи најмногу од предовното
замастување и правилното затегање.
F 016 L81 139 | (16.10.14)
Не затегнувајте го ланецот кога е џежок, зошто кога ќе се
олади ќе биде премногу затегнат на плочата.
– Ставете ја пилата на прикладна површина.
– Проверете дали ланецот е исправно поставен во слотот
околу плочата 10 и на дискот 20.
– Одвртете ја навртката за прицврстување 12 само колку
што е потребно да ја држи плочата на место (Не вадете
ја навртката!).
– Навртката за затегнување 14 вртете ја во насоката на
стрелките на часовникот се додека не ја добиете
саканата затегнатост. Оваа постапка го турка клинот за
затегање 25 а со него и самата плоча 10 нанапред.
– Ланецот 9 е правилно затегнат, кога во средината може
околу 5–10 мм да се подигне. Ова се проверува
такашто со една рака се подига ланецот наспроти
тежината на пилата.
– Ако е ланецот 9 премногу затегнат, свртете го клинот за
затегнување 14 малку наназад. Проверете ја уште
еднаш затегнатоста на ланецот. Ако е потребно,
повторно затегнете го ланецот како што опишавме
погоре.
– Со рака вртете ја навртката за прицврстување 12 на
завртката за прицврстување 21.
 Ако е премногу затегнат, ланецот може да попушти
во тек на употреба.
 Навртката за прицврстување мора само лесно да ја
фаќа плочата.
Монтажа на ланецот и плочата (види слика B)
(AKE 30/35/40)
– Извадете ги сите делови од пакувањето.
– Ставете ја пилата на прикладна површина.
– Ставете го ланецот 9 во лежиштето околу плочата 10.
Внимавајте да го поставите ланецот во правилната
насока, споредувајќи го ланецот со симболот за
ротација 22.
– Ставете го ланецот на дискот 20 и ставете ја плочата 10
така што навртката за прицврстување 21 и двете
водилки 24 да влезат во соодветните отвори на плочата
10 и клинот за затегнување на ланецот 25 да влезе во
соодветниот отвор на плочата 10.
Ако е потребно, вртете ја завртката за затегнување 27
се додека клинот за затегнување 25 со соодветната
дупка во плочата 10 не се израмни.
– Проверете сите делови да легнат на своето место и
држете го ланецот и плочата во оваа положба.
– Ставете ја покривката 13 на своето место.
– Прицврстете ја навртката за прицврстување 26 на
завртката за прицврстување 21 вртејќи со рака.
Затегнување на ланецот (sвиди слики B und E)
(AKE 30/35/40)
Ланецот проверувајте го секогаш пред употреба, после
првата употреба и редовно отприлика на секои 10 минути.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis