Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GWX Professional 18V-10 Originalbetriebsanleitung Seite 345

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GWX Professional 18V-10:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во
празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Сечење на други материјали
При сечење на други материјали како
u
пластика,композитен материјал итн. со композитен
диск за сечење или карбиден диск за сечење
Carbide Multi Wheel секогаш користете ја
заштитната хауба за сечење (15) или заштитната
хауба за брусење (14) со монтиран поклопец за
сечење (18). Со користењето на хаубата за
всисување со лизгачки водилки (30) ќе постигнете
подобар резултат од всисувањето прав.
Работење со дијамантска крунеста бургија
Користете само сува дијамантска крунеста бургија.
u
При работењето со дијамантската крунеста бургија
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (23).
Не поставувајте ја дијамантската крунеста бургија
паралелно на делот што се обработува. Навалете се во
делот што се обработува под агол и со кружни движења.
Ова ви овозможува да постигнете оптимално ладење и
подолг работен век на дијамантската крунеста бургија.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите
специфични за земјата. Мора задолжително да се
придржувате до овие прописи. Пред почетокот на
работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или
надлежните градежни раководители за да се советувате.
Bosch Power Tools
Вклучете го електричниот
алат и поставете го со
предниот дел на
лизгачките водилки на
делот што се обработува.
Поместувајте го
електричниот алат со
умерено движење по
материјалот што се
обработува.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Наполнетата батерија (8) притиснете ја однапред
навнатре во подножјето на електричниот алат, додека не
се заклучи батеријата.
Вклучување/исклучување
(GWX 18V-10 / GWX 18V-10 SC)
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (6)
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (6) нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) наназад
надолу и потоа ослободете го.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Вклучување/исклучување
(GWX 18V-10 PC / GWX 18V-10 PSC)
За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво
притиснете ја нанапред рачката за ослободување (11) и
потоа притиснете го нагоре прекинувачот за вклучување/
исклучување (10).
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (10).
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Македонски | 345
1 609 92A 766 | (17.02.2022)

Werbung

loading