Herunterladen Diese Seite drucken

Milwaukee M12 BHCS3L Originalbetriebsanleitung Seite 67

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 18
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на
суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски
батерии
При екстремно висок вртежен момент, блокирање или краток
спој со преголема струја вибрира уредот околу 5 секунди, трепка
приказот за батеријата и уредот се ИСКЛУЧУВА. Пуштете го
копчето за ослободување, за да ресетирате.
Под екстремни услови може да се зголеми температурата на
батеријата. Во тој случај трепка приказот за батеријата додека
се олади. Ако приказот не трепка повеќе, уредот е повторно
подготвен за работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ТРАНСПОРТ И ЧУВАЊЕ
• Отстранете ja заменливата батерија.
• Бидете сигурни дека сите делови се чисти и суви.
• Исчистете го уредот од сите туѓи супстанции.
• Испразнете го резервоарот пред транспорт или за подолго
складирање.
• По секоја употреба проверете го уредот за протекување.
Протекувањето треба да се поправи од овластен сервисен
центар.
• Стапчето за прскање може да се чува во држачот.
• Осигурајте го производот при транспорт од движење или
пад, за да се спречи повреда на лица или оштетување на
производот.
• Чувајте го уредот на ладно, суво, добро проветрено место,
подалеку од дофат на деца. Избегнувајте контакт со
нагризувачки средства, како што се градинарски хемикалии или
патна сол. Уредот не треба да се чува на отворено.
132
ЧИСТЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
1. Осигурите се дека акумулаторот е отстранет.
2. Извадете го резервоарот од основниот уред и ставете го на
рамна површина, подалеку од основниот уред, за да се спречи
да основниот уред дојде во контакт со груби хемикалии.
3. Наполнете го резервоарот околу една третина со чиста вода.
4. Повторно ставете го резервоарот и прскајте ја водата, додека
резервоарот се не испразни. Бидете внимателни да не ја
насочувате струјата кон подрачје што може да се оштети од
хемиските остатоци во резервоарот.
5. Повторете го овој процес со чиста вода, додека резервоарот
не е темелно исчистен. Исчистете ги млазниците со вода од
надворешната страна и избришете ги со крпа.
6. Избришете ја надворешната страна на резервоарот со чиста,
сува крпа.
7. Овозможите да се сите делови добро исушат пред да ги
инсталирате и да го зачувате уредот. Секогаш прво ставете го
ситото пред да го наместите капакот на резервоарот.
ОДРЖУВАЊЕ
За инспекција на уредот треба особено внимание и стручност.
Сервисот треба да го изведува само квалификуван сервисен
техничар. Препорачуваме да го испратите уредот до овластен
сервисен центар. За одржување користете само оригинални
резервни делови.
Извршете ги само нагодувањата или поправките наведени во овој
прирачник. За други работи, ве молиме контактирајте со овластен
сервисен центар.
Исчистете го уредот по секоја употреба како што е опишано во
овој прирачник.
Пред чистење испразнете го резервоарот.
За таа цел, испразнете ја течноста за прскање преку отворот за
полнење.
Испуштете ја течноста за прскање во специјален сад наменет за
хемикалии. Не чувајте ја течноста за прскање во резервоарот.
Секогаш користете чиста вода за чистење и плакнење на
резервоарот. Ако е потребно, можете да додадете мала количина
на детергент за домаќинство.
Избришете го уредот со чиста, сува крпа.
Можеби ќе треба да го исплакнете резервоарот неколку пати.
Никогаш не фрлајте хемиски остатоци или контаминирана вода
за плакнење во водотеци, канализација, одводни канали, олуци
или шахти.
Хемиските остатоци и празните садови треба да се отстранат во
согласност со локалните прописи за отпад.
ДОДАТОЦИ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот
со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на
табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба или
директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
МЛАЗНИЦИТЕ СЕ ЗАТНАТИ
Ако млазниците се затнати, веднаш исклучете ја прскалката.
Бидете сигурни дека одделот за батерии е правилно затворен.
Носете заштитна опрема како што се ракавици и очила.
Извадете ги млазниците и исчистете ги со чиста вода. Заменете
ги дефектните филтри.
МАКЕДОНСКИ
НАОЃАЊЕ НА ГРЕШКИ
ПРОБЛЕМ
МОЖНА ПРИЧИНА
РЕШЕНИЕ
Притисокот е
Батеријата не е
Наполнете ја батеријата
премногу низок
доволно наполнета
Нема притисок
Батеријата не е
Наполнете ја батеријата
доволно наполнета
Протекување
Приклучоците не се
Затегнете ги
правилно поврзани,
приклучоците правилно,
заптивките се порозни
заменете ги заптивките
Моторот не работи
Батеријата е празна
Наполнете ја или
или дефектна
заменете ја батеријата
Нема млаз за
Млазниците се затнати Исчистете ги млазниците
прскање
со компримиран воздух
или со соодветен
растворувач. Ако ситата
или главите за прскање
се оштетени, тие треба
да се заменат.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Постојано да се носат заштитни очила!
Носете соодветна заштитна маска.
Користете заштитна облека
Носете ракавици!
Носете цврсти чевли кои не се лизгаат!
Заштитете ја заменливата батерија од дожд. Не
користете ја заменливата батерија во влажни
подрачја.
Не прскајте запаливи течности.
Не прскајте во правец на луѓето или животните!
Не прскајте против зид!
Не прскајте против ветрот!
Не држете ја млазницата нагоре! Прскајте само
надолу!
Очистените делови треба да се чуваат суви и без
замрзнување.
Држете ги пристуните лица на безбедно растојание
од работниот простор!
Опасни хемикалии
Забележете ја моменталната содржина на
резервоарот
Применливи хемиски супстанци
Не отстранувајте ги отпадните батерии,
отпадната електрична и електронска опрема како
несортиран комунален отпад. Отпадните батерии
и отпадната електрична и електронска опрема
мора да се собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори
и отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или
продавач за совети за рециклирање и место за
собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да
ги преземаат искористените батерии, како и
отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за
рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на
луѓето доколку не се отстранат на еколошки
компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
133

Werbung

loading