Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GEX 125 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 132

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
132 | Македонски
Материјал
– Авто лак
– Камен
– Мермер
– Гранит
– Керамика
– Стакло
– Плексиглас
– Стаклопластика
Замена на сечилото за пила (види слика A)
За вадење на сечилото за пила (6) подигнете го
странично и извлечете го од брусниот диск (3).
Пред да ставите ново сечило за пила, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусниот диск (3), на пр. со
четкичка.
Површината на брусниот диск (3) се состои од лепенка,
така што сечилата за пила со лепенка може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Цврсто притиснете го сечилото за пила (6) на долната
страна на брусниот диск (3).
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на сечилото за пила (6) да
одговараат со дупките на брусниот диск (3).
Избор на брусен диск
Во зависност од употребата, електричниот алат може да
се опреми со брусни дискови со различна цврстина:
– Меки брусни дискови: соодветни за удобно брусење, и
на заоблени површини
– Средно цврсти брусни дискови: соодветни за сите
видови брусење, се поставуваат универзално
– Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен
капацитет на рамни површини
Замена на брусен диск (види слика B)
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови (3).
Извлечете го брусното сечило. Целосно одвртете ги 4-те
завртки (7) и извадете го брусниот диск (3). Ставете го
новиот диск за брусење (3) и повторно затегнете ги
завртките.
Напомена: При поставувањето на брусниот диск
внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во
отворите на брусниот диск.
Напомена: Оштетениот носач на брусен диск (8) смее да
се замени само од овластена сервисна служба за
електрични алати на Bosch.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
1 609 92A 8DA | (17.05.2023)
Примена
За претходно брусење
За обликување и кршење на рабови
За фино брусење при обликување
Мазно брусење и обликување на рабови
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со ќеса за прав (види слики C–
E)
Ставете ја и притиснете ја целосната ќеса за прав (4) на
млазниците за издувување (9) додека не дојде на исто
ниво со алатот.
За празнење целосно извадете ја ќесата за прав (4) од
млазниците на издувување (9).
Напомена: За да обезбедите оптимално всисување на
прав, навремено испразнете ја ќесата за прав (4).
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што ќесата за прав (4) ќе биде
насочена надолу.
Надворешно всисување (види слика F)
Ставете црево за всисување (10) на млазниците за
издувување (9).
Цревото за всисување (10) поврзете го со всисувач за
прав. Прегледот за приклучување на различните видови
на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
Грану-
лација
грубо
80
среден
100
120
фино
180
240
320
400
многу
600
фино
1200
Bosch Power Tools

Werbung

loading