Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GOP 12V-LI Professional Originalbetriebsanleitung Seite 168

Werbung

OBJ_BUCH-2923-001.book Page 168 Monday, July 25, 2016 3:37 PM
168 | Македонски
побарајте лекарска помош. Истечената течност од
батеријата може да предизвика кожни иритации или
изгореници.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на ориги-
нални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за батериски
Multi-Cutter
 Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува може да наиде на скриени електрични
кабли. Контактот со струјниот кабел може да ги стави
под напон металните делови на уредот и да доведе до
електричен удар.
 Користете го електричниот уред само за суво
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
уред го зголемува ризикот од електричен удар.
 Внимание, постои опасност од пожар! Избегнувајте
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш исп-
разнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето,
микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата
одн. филтерот на вшмукувачот за прав) можат самите да
се запалат при неповолни услови, како на пр. летање на
искри при брусење на метали. Особена опасност постои,
доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од
лак, полиретан или други хемиски материјали и доколку
парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа.
 Дланките држете ги подалеку од полето на работа со
убодна пила. Не посегајте под делот што се
обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите
за пила постои опасност од повреда.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
1 609 92A 30J | (25.7.16)
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 При менувањето на алатот што се вметнува носете
заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се
вжештува по долготрајна употреба.
 Не стругајте влажни материјали (на пр. тапети) и не
стругајте на влажна подлога. Навлегувањето на вода
во електричниот апарат го зголемува ризикот од
електричен удар.
 Површината што треба да ја обработите не ја
третирајте со течности што содржат раствор. При
стругањето доаѓа до затоплување на материјалите и
може да се создадат отровни пареи.
 Бидете особено внимателни при користењето на
сечилото. Алатот е многу остар, постои опасност од
повреда.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбеднос-
ните напомени и упатства може да предиз-
викаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење и разделување
на дрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и
елементи за зацврстување (на пр. некалени клинци, хефт
иглици). Исто така е погоден за обработка на меки ѕидни
плочки како и за суво брусење и стругање на мали
површини. Тој особено е погоден за работење близу
рабови и на рамни површини. Електричниот апарат треба
да се обработува исклучиво со Bosch-опрема.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Копче за отклучување на батеријата
2 Батерија
3 Копче за приказот за наполнетост на батеријата
4 Приказ за наполнетоста на батеријата
Bosch Power Tools

Werbung

loading