OBJ_BUCH-815-003.book Page 112 Thursday, May 15, 2014 10:51 AM
112 | Македонски
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред, може
да се наруши прецизноста. По тежок удар или
превртување, проверете ги ласерските линии односно
ласерските зраци со хоризонтална или вертикална
референтна линија одн. со контролните точки на
вертикалата.
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 нагоре, така
што на прекинувачот ќе се појави „I". Веднаш по
вклучувањето, мерниот уред пушта по еден ласерски зрак
од излезните отвори 1.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За исклучување на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 надолу, така
што на прекинувачот ќе се појави „0". При исклучување,
осцилирачката единица се блокира.
Поставување на автоматиката за исклучување
По правило мерниот уред автоматски се исклучува
20 мин. по вклучувањето.
Оваа автоматика за исклучување може да се префрли од
20 мин. на 8 ч. Вклучете го мерниот уред, веднаш потоа
исклучете го и потоа во рок од 4 с. одново вклучете го. За
потврда на промената, по второто вклучување, сите
ласерски зраци трепкаат 2 с. во брз такт.
При следното вклучување на мерниот уред, автоматиката
за исклучување повторно е поставена на 20 мин.
1 609 92A 0KX | (15.5.14)
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на држачот 8 или на стативот 18.
По вклучувањето автоматиката за нивелирање автоматски
ги израмнува нерамнините во рамки на полето на
самонивелирање од ±5° (должинска оска) одн. ±3°
(попречна оска). Нивелирањето е завршено штом
ласерските точки не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 5°
одн. 3° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат во
брз такт. Во ваков случај, поставете го мерниот уред
хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе
се најде мерниот уред во рамки на полето на
самонивелирање од ±5° одн. ±3°, ласерските зраци
повторно светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на референтните
точки, за да се избегнат грешките при поместување.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина
на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот уред
на обичен статив и поставете го во средината на работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на.пр.
падови или јак потрес). Поради тоа, пред секоја употреба
проверувајте ја точноста на уредот.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Доколку точноста при нивелирање на хоризонталните
ласерски зраци за попречната и должинска оска лежи во
рамките на максималното дозволено отстапување, со тоа
е проверена точноста на нивелирањето на вертикалните
зраци (вертикална оска).
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на попречната оска
За проверката потребна е една слободна мерна линија од
20 m на цврста подлога пред ѕид.
– Монтирајте го мерниот уред на 20 м растојание од
ѕидот на држач, одн. на еден статив или поставете го на
цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
Bosch Power Tools