Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Поставување; Точки На Кои Треба Да Обрнете; Внимание Кога Го Преместувате; Пред Да Го Вклучите Ладилникот - Beko RCNA406I40XBN Gebrauchsanweisung

Kühlschrank - gefrierschrank
Inhaltsverzeichnis

Werbung

3
Поставување
Точки на кои треба да обрнете
внимание кога го преместувате
ладилникот
1. Ладилникот треба да се исклучи од
струја. Треба да се испразни и исчисти
пред транспортот.
2. Пред да го спакувате одново,
полиците, дополнителната опрема,
кутиите и сл. треба да се фиксираат со
леплива лента и да се обезбедат од
удари. Пакувањето треба да се врзе со
цврста лента или силни јажиња.
Почитувајте ги правилата за транспорт
доследно.
3. Оригиналното пакување и
материјалите од пена треба да се
чуваат за евентуален иден транспорт
или преместување.
Пред да го вклучите
ладилникот
Проверете го следново пред да
почнете да го употребувате
ладилникот:
1. Исчистете ја внатрешноста на
ладилникот како што е препорачано во
поглавјето „Одржување и чистење".
2. Ставете го приклучокот на
ладилникот во штекер. Кога вратата е
отворена, ќе се вклучи внатрешно
осветлување.
3. Ќе слушнете звук кога ќе се вклучи
компресорот. Течноста и гасовите
затворени во системот на ладилникот
ја зголемуваат бучавата, без оглед
дали компресорот е вклучен или не,
тоа е сосема нормално.
4. Предните рабови на ладилникот
може да се малку топли. Тоа е сосема
нормално. Овие области се
дизајнирани да бидат топли за да се
спречи кондензација.
Електрично поврзување
Поврзете го производот во заземјен
штекер што е заштитен со осигурувач со
соодветен капацитет.
Важно:
Поврзувањето мора да биде усогласено
со државните регулативи.
Приклучокот на кабелот за напојување
мора да биде лесно достапен по
приклучувањето.
Електричната безбедност на
ладилникот е гарантирана само кога
системот за заземјување во домот е
усогласен со стандардите.
Напонот посочен на етикетата внатре
одлево во производот треба да биде
еднаков на напонот на мрежата.
Не смее да се користат продолжни
кабли и приклучоци со повеќе влезови.
Квалификуван електричар мора да го
замени оштетениот кабел за напојување.
Производот не смее да работи пред
да се поправи! Постои ризик од
електричен удар.
Фрлање на пакувањето
Материјалот за пакување е опасен за
децата. Чувајте го материјалот за
пакување подалеку од дофат на децата
или фрлете го класифицирајќи го во
согласност со упатствата за фрлање
отпад што ги посочуваат локалните
надлежни органи. Не фрлајте го заедно со
домашен отпад. Фрлете го на места што
ги посочуваат локалните надлежни
органи.
Пакувањето на ладилникот е
произведено од рециклирачки материјали.
МК
8

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis