Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GGS Professional 8 CE Originalbetriebsanleitung Seite 151

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GGS Professional 8 CE:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 4
OBJ_BUCH-1269-005.book Page 151 Wednesday, June 18, 2014 2:52 PM
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми: EN 60745-1,
EN 60745-2-23.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
07.05.2014
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Монтирање на брусни алати (види слика A)
 Користете само соодветни и неоштетени
вилушкасти клучеви (види „Технички податоци").
– Исчистете го вретеното за брусење 3 и сите делови што
треба да се монтираат.
– Вретеното за брусење 3 цврсто задржете го со
вилушкаст клуч 8 на површината на клучот.
Олабавете ја стезната навртка 2 со вилушкастиот клуч 9
на површината на клучот со вртење во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до
крај во затегнувачката чаура 1.
– Држете го цврсто вретеното за брусење 3 со
вилушкастиот клуч 8 и затегнете го алатот што се
вметнува со вилушкастиот клуч 9 на површината на
клучот со вртење во правец на стрелките на часовникот.
Брусните тела мора да се движат беспрекорно кружно. Не
ги употребувајте нетркалезните брусни тела, туку
заменете ги со нови.
 Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура
со затегнувачката навртка, доколку не е монтирано
брусно тело. Инаку, затегнувачката чаура може да се
оштети.
 Користете само брусни клинови со соодветен
дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар на
држачот не одговара на прифатот за алат на електричниот
апарат (види „Технички податоци"), може да не се
зацврсти добро и да ја оштети затегнувачката чаура.
 Алатот за вметнување мора да се затегне најмалку
10 mm. Со помош на внатрешните димензии на
држачот L
од податоците на производителот може да
0
Bosch Power Tools
го дознаете максималниот дозволен број на вртежи на
алатот за вметнување. Тој не смее да биде под
максималниот број на вртежи на електричниот апарат.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 5 нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 5 нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 одн. доколку
тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 наназад надолу и потоа
ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Исклучување при повратен удар
При ненадеен пад на бројот на вртежи, на пр. блокирање
на резот при сечење, доводот на струја до моторот
електронски ќе се прекине.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување 5 ставете го во положба Исклучено и одново
вклучете го електричниот апарат.
Македонски | 151
3 609 929 C85 | (18.6.14)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis