Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSH 7 VC Professional Originalbetriebsanleitung Seite 110

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSH 7 VC Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
110 | Македонски
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) и држете го притиснат.
– За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (6) притиснете го копчето
за фиксирање (7).
– За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (7),
кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) и потоа отпуштете го.
На ниски температури електричниот алат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари. Ова стартно време може да го скратите, така што
алатот што е вметнат во електричниот апарат ќе го
притиснете еднаш на подот.
Подесување на бројот на удари
Електрониката за регулација овозможува бесстепено
бирање на бројот на удари за работење во согласност со
материјалот.
Константната електроника ја одржува конзистентноста на
бројот на удари помеѓу празниот од и работење со
оптоварување.
– Изберете го бројот на удари со тркалцето за
поставување (9) соодветно на материјалот.
1 609 92A 748 | (07.03.2022)
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 16 позиции. Притоа,
може да ја користите оптималната работна позиција.
– Завртете го прекинувачот за промена на
длетувањето (3) во позицијата Промена
на позицијата за длетување (Vario-
Lock).
– Вметнете го длетото во прифатот за алат и завртете го
во посакуваната позиција.
– Завртете го прекинувачот за промена на
длетувањето (3) во позицијата
Длетување и вртете го длетото додека не
се вклопи.
Совети при работењето
Острење на алатот за длетување
Само со остри алати за длетување може да постигнете
добри резултати, затоа редовно острете ги истите. Ова
овозможува подолг рок на употреба на алатите и добри
работни резултати.
Дополнително брусење
Острете ги алатите за длетување на брусните плочи, на
пр. корунд, со ист довод на вода. Внимавајте на тоа, на
острицата да не се појави боја на отпуштање; ова ја
оштетува цврстината на алатите за длетување.
За ковање загрејте го длетото на 850 до 1050  °C (светло
црвена до жолта).
За калење загрејте го длетото на околу 900 °C и потопете
го во масло. Потоа ставете го во печка околу еден час на
320 °C (боја на жарење светло сина).
Амортизација на вибрациите
Вградената амортизација за
вибрации ги намалува
вибрациите кои настануваат
во главната рачка и на
ударниот механизам.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis