Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Фрлање На Пакувањето; Фрлање На Стариот Ладилник; Поставување И Поврзување; Менување На Светилката За Осветлување - Beko RCSA340K30WN Gebrauchsanweisung

Kühlschrank - gefrierschrank
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für RCSA340K30WN:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Фрлање на пакувањето
Материјалот за пакување е опасен
за децата. Чувајте го материјалот за
пакување подалеку од дофат на
децата или фрлете го класифицирајќи
го во согласност со упатствата за
фрлање отпад што ги посочуваат
локалните надлежни органи. Не
фрлајте го заедно со домашен отпад.
Фрлете го на места што ги посочуваат
локалните надлежни органи.
Пакувањето на ладилникот е
произведено од рециклирачки
материјали.
Фрлање на стариот ладилник
Фрлете го стариот ладилник без да
направите штета за животната
средина.
Консултирајте се со овластениот
застапник или со центар за собирање
отпад во вашата општина за тоа како
да го фрлите ладилникот.
Пред да го фрлите ладилникот,
исечете го кабелот за напојување и,
ако има брави на вратата, искршете ги
за да ги заштитите децата од каква
било опасност.
Поставување и поврзување
Ако влезната врата на просторијата
каде што треба да се смести
ладилникот не е доволно широка за да
може тој да помине, тогаш повикајте го
овластениот сервис да ги извади
вратите на ладилникот и тогаш,
поминете го ладилникот низ вратата
странично.
1. Поставете го ладилникот на место
кое овозможува лесна употреба.
2. Поставете го ладилникот подалеку
од извори на топлина, влажни места
или директна сончева светлина.
3. Мора да има соодветна воздушна
вентилација околу ладилникот со цел
да се постигне ефикасна работа.
Ако ладилникот треба да се постави во
вдлабнатина во ѕидот, тогаш мора да
има најмалку 5 цм. растојание од
таванот и најмалку 5 цм од ѕидот. Не
ставајте го производот врз материјали
како што се простирка или килим.
4. Поставете го ладилникот на рамни
подови за да се спречи нишање.
Менување на светилката за
осветлување
Повикајте овластен сервисер за да
ја смените светилката/ЛЕД-сијаличката
што служи за осветлување на
ладилникот.
Сијаличката што се користи во овој
уред не е соодветна за осветлување
простории во домаќинството.
Наменетата употреба на оваа
сијаличка е да му помага на
корисникот да става храна во
ладилникот/замрзнувачот на безбеден
и удобен начин.
Сијаличките употребени во уредот
треба да издржат екстремни физички
услови како што е температура под
-20°C.
Прилагодување на ногарките
Ако ладилникот не е балансиран
Може да го балансирате ладилникот
со вртење на предните ногарки како
што е прикажано на сликата. Аголот
каде што има ногарка се спушта кога
вртите во правец на црната стрелка и
се подигнува кога вртите во
спротивната насока. Ако некој би ви
помогнал со делумно подигнување на
ладилникот, тоа ќе ви ја олесни
работата.
МК
9

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis