Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GBM 13 HRE Professional Gebrauchsanweisung, Originalbetriebsanleitung Seite 114

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GBM 13 HRE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
114 | Македонски
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка (види слика A)
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (5).
Пред да извршите било што, проверете дали е
u
зацврстена дополнителната рачка. Губењето на
контролата може да доведе до повреди.
Дополнителната рачка (5) може да ја вртите по желба, за
да може безбедно и неуморно да работите.
Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (5) во
правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете
ја (5) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го
долниот дел на дополнителната рачка (5) во правец на
стрелките од часовникот.
Промена на алат (види слика B)
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
u
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (1),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (6) ставете
го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење
(1) и рамномерно затегнете го алатот.
Алати за навртување (види слика C)
При користење на битови за одвртувачот (8) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (9).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
Менување на главата за дупчење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Вадење на сигурносната завртка (види слика D)
Запчестата глава за дупчење (1) е заштитена од
невнимателно олабавување на вретеното за дупчење со
сигурносната завртка (10).
Отворете ја запчестата глава за дупчење (1) и одвртете ја
сигурносната завртка (10) во правец на стрелките на
часовникот. Внимавајте сигурносната завртка да има
лев навој.
Доколку сигурносната завртка (10) е заглавена, ставете
одвртувач на главата на завртката и олабавете ја
сигурносната завртка со удар на дршката на одвртувачот.
Демонтирање на главата за дупчење (види слика E)
За да ја демонтирате запчестата глава за дупчење
прицврстете еден клуч со внатрешна шестаголна глава
(11) во запчестата глава за дупчење (1).
1 609 92A 5AG | (12.11.2019)
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот
алат и олабавете ја запчестата глава за дупчење (1) со
вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (11) во
правец спротивен на стрелките на часовникот.
Доколку запчестата глава за дупчење е јако зацврстена,
ќе ја олабавите со лесен удар на долгото вретено на
клучот со внатрешна шестаголна глава (11). Извадете го
клучот со внатрешна шестаголна глава од запчестата
глава за дупчење и целосно одвртете ја запчестата глава
за дупчење.
Монтирање на главата за дупчење (види слика F)
Монтажата на запчестата глава за дупчење ќе ја извршите
по обратен редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од околу 10–15 Nm.
Завртете ја сигурносната завртка (10) во правец
спротивен на стрелките од часовникот во отворената
запчеста глава. Секогаш користете нова сигурносна
завртка, бидејќи на нејзиниот навој има нанесено
сигурносна леплива маса, која при повеќекратна
употреба не делува повеќе.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis