Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch TR7000 Gebrauchsanleitung Seite 29

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für TR7000:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
• Бигорот во апаратот смее да го чисти само
соодветно квалификуван специјалист.
• Поправките смее да ги врши само овластен
техничар. Непрописните поправки може да го
изложат корисникот на ризик од сериозни
повреди.
2
Упатство за употреба
2.1
Запознајте го вашиот уред
Овој апарат е електронски проточен бојлер за снабдување со топла
вода на нецентрализирано ниво.
Електронскиот проточен бојлер ја загрева водата додека таа тече
низ апаратот. За топла вода може да бидат поставени една или
повеќе славини.
2.1.1
Работни елементи и дисплеи
1 Дисплеј
2 Ротационен прекинувач
2.2
Работа со апаратот
2.2.1
Вклучување и исклучување на апаратот
Проточниот бојлер се вклучува и ја загрева водата кога е отворена
славината за топла вода. Тој повторно се исклучува кога е затворена
славината за вода.
2.2.2
Нагодување на температурата на водата
• Свртете го ротациониот прекинувач.
Саканата температура може да се нагоди меѓу 30°С и 60°С со
постепено зголемување од 0,5°С.
На дисплејот е прикажана избраната температура.
Забелешка: Прикажаната температура е температурата на водата
во апаратот. Температурата на водата што излегува од славината
може да се разликува од прикажаната температура поради загубата
на топлината во цевководот.
6 720 876 024 (2020/08)
2.2.3
Порака за грешка на дисплејот
Ако на дисплејот се појави порака за грешка „Е.." или ако ЛЕД-
сијаличката трепка, видете го поглавјето „Проблем, што да
направите?".
2.2.4
Соларно загревање
Апаратот може да работи со однапред загреана вода (на пример, од
единица за соларна енергија).
ПРЕДУПРЕЖДЕНИЕ:
Внимание!
Опасност од изгореници!
▶ Ако излезната температура на водата што излегува од славината
е повисока од нагодената температура, причина за тоа е што
доводната вода од домашниот систем е премногу топла, на
пример, затоа што се загрева од единицата за соларна енергија.
• Термостатскиот претмиксер во домашното снабдување мора да
се нагоди соодветно на пониска температура.
2.2.5
Стартување по прекин на електричната енергија
• Отворете ја славината за топла вода до крај и оставете ја да тече
додека не се загрее.
2.2.6
Користење на апаратот по исклучување на доводот на
вода
• Исклучете го апаратот (отшрафете го осигурувачот во кутијата со
осигурувачи).
• Отворете ја славината за топла вода и оставете ја отворена
додека воздухот целосно не излезе од цевката за вода.
• Повторно вклучете го осигурувачот.
• Отворете ја славината за топла вода до крај и оставете водата да
тече барем една минута.
Дури потоа (од безбедносни причини) апаратот ќе почне да грее.
Сега апаратот е подготвен за работа.
2.2.7
Заштеда на енергија
• Нагодете ја саканата температура на водата директно на
апаратот.
Забелешка: Мешањето со ладната вода од славината троши
непотребна вода и енергија.
Со тоа, исто така, се зголемува создавањето бигор во апаратот.
Според тоа, секогаш нагодувајте ја саканата температура директно
на проточниот бојлер.
2.2.8
Работа во зима
Забелешка: Во зима е можно доводната температура на водата да
биде намалена, а да не може да се постигне бараната излезна
температура.
• Намалете го протокот на вода во славината додека не се постигне
саканата температура.
2.3
Чистење
• Бришете го апаратот само со влажна крпа..
• Не користете кисели или груби материјали за чистење.
• Не користете чистач на пареа.
Упатство за употреба
29

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis