Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch UniversalChainPole 18 Originalbetriebsanleitung Seite 255

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für UniversalChainPole 18:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
u
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
Електричните алати користете ги само со
u
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
u
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Не употребувајте сет на батерии или алат што е
u
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
u
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130°C може да
предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не го
u
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Bosch Power Tools
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни мерки за режачот
Чувајте ги сите делови на вашето тело понастрана
u
од синџирот на пилата. Не обидувајте се да ги
отстраните заглавените отпадоци од сечилото или
да го држите материјалот за сечење, додека пилата
е вклучена. Уверете се дека прекинувачот е
исклучен и дека батеријата е извадена при
отстранување на заглавени исечоци. Еден момент на
невнимание при употребата на режачот може да
доведе до сериозни повреди.
Држете ја пилата само за изолираните површини за
u
фаќање (Главна рачка(15), предна рачка(9) или
проширената изолирана површина(12)),бидејќи
ланецот на пилата може да удри во скриени
далноводи. Контактот на сечилото со кабли под напон
може да ги наелектризира металните делови на пилата
и да доведе до струен удар на ракувачот.
Цврсто држете ја пилата со двете дланки и
u
поставете ги телото и рацете во таква позиција во
која ќе сте отпорни односно ќе можете да ги
поднесете отскокнувањата од повратните удари.
Ракувачот може да ги контролира отскокнувањата,
доколку преземе потребни мерки на претпазливост.
Никогаш не ја отпуштајте стапчестата пила.
Очекувајте повратен удар при сечење гранка. Кога
u
гранката е пресечена, таа може да се помести надоле и
да го заглави ланецот на пилата.
Секогаш кога ја носите пилата задолжително е да
u
биде исклучена и да ја држите со двете раце како и
со прицврстено заштитно капаче на ланецот за
пилата. Внимателното ракување со пилата ќе ја
намали опасноста од случаен контакт со ланецот во
движење.
Не работете со пилата на дрво. Постои ризик од
u
повреда доколку ја употребувате пилата качувајќи се
или стоејќи на дрво.
При употреба на пилата, секогаш стојте стабилно на
u
цврста, рамна безбедна површина. Лизгавите или
нестабилни површини, како на пример скали, можат
да предизвикаат загуба на рамнотежата и/или загуба
на котрола над пилата.
Применувајте ги упатствата за подмачкување,
u
затегнување на ланецот и замена на деловите.
Несоодветно затегнатиот или неподмачкан ланец
може да се скине или да отскокне.
Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги
u
замастувајте. Замастените дршки се лизгаат и може
да доведат до губење на контролата.
Сечете само дрво. Не користете ја пилата во цели
u
за коишто не е наменета. На пример: Со пилата не
сечете пластика, ѕидарски или градежни
материјали коишто не се направени од дрво.
Македонски | 255
F 016 L94 061 | (23.12.2020)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

3 600 hb3 1 serie

Inhaltsverzeichnis