Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Toshiba 24 L28 Serie Bedienungsanleitung Seite 657

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 24 L28 Serie:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 80
Аудиото ќе се пренесува преку звучниците на
ТВ-уредот откако ќе се добие потврда. За да
започне репродуцирањето аудио во реално време,
отспарете го уредот од вашиот ТВ-уред ако бил
претходно спарен со вашиот ТВ-уред. Откако ќе
заврши спарувањето, ќе се појави порака-потврда
која прашува дали сакате да почне репродуцирање
аудио во реално време од вашиот мобилен
уред. Изберете Да и притиснете го копчето ОК
на далечинскиот управувач на ТВ-уредот. Ако е
успешна врската, сето аудио ќе биде насочено низ
звучнивите на ТВ-уредот. Ќе се појави симбол на
горната страна на ТВ-еранот сè додека е активна
врската за репродуцирање аудио во реално време.
За да се прекине репродуцирањето во реално
време на аудио, исклучете ја врската Bluetooth на
вашиот мобилен уред.
Затворете ги сите отворени апликации и сите
менија на ТВ-уредот за префрлање без проблеми.
Соодветни се само датотеки-слики помали од 5
МБ и во овие формати: jpg, .jpeg, .png, bmp. Ако
датотека пратена по мобилен уред не одговара на
овие барања, нема да се прикаже на ТВ-уредот.
Забелешка: Безжичните уреди може да работат на
истата радиофреквенција и може да си попречуваат
меѓусебно. За да го подобрите работењето на вашиот
безжичен уред, ставете го најмалку на 1 метар од кој
било друг безжичен уред.
Решавање проблеми со поврзувањето
Не е достапна безжична мрежа
• Обезбедете сите заштитни ѕидови на вашата
мрежа да дозволуваат безжично поврзување на
ТВ-уредот.
• Обидете се да пребарувате безжични мрежи
повторно со помош на екранот на менито Мрежа.
Ако не функционира правилно безжичната мрежа,
обидете се да ја користите мрежата преку кабел во
вашиот дом. Види го делот Врска преку кабел за
повеќе информации за процесот.
Ако ТВ-уредот не работи со врска што не е
безжична, проверете го модемот (рутерот). Ако
нема проблем со рутерот, проверете ја интернет
врската на вашиот модем.
Врската е бавна
Видете ја книгата со упатства на вашиот безжичен
модем и добијте информации за внатрешниот
услужен регион, брзината на врската, квалитетот на
сигналот и другите поставки. Треба да имате врска
со голема брзина за вашиот модем.
Прекини за време на репродуцирањето или
бавни реакции
Во тој случај, можете да пробате едно од следниве
нешта:
Држете се на растојание од најмалку три метри од
микробранови печки, мобилни телефони, уреди
bluetooth или какви било други уреди компатибилни
со WLAN. Обидете се да го смените активниот
канал на WLAN-рутерот.
Не е достапна интернет врска / не
функционира аудио-видео споделување
А к о M A C а д р е с а т а ( е д и н с т в е н б р о ј з а
идентификација) на вашиот персонален компјутер
или модем е трајно регистриран, можно е ваѓиот
ТВ-уред да не е поврзан на интернет. Во таков
случај, МАС адресата се проверува секојпат кога
сте поврзани на интернет. Ова е превентива против
неовластен пристап. Бидејќи вашиот телевизор има
своја МАС адреса, вашиот давател на интернет
услуги не може да ја провери МАС адресата на
вашиот ТВ-уред. Од оваа причина, вашиот ТВ-уред
не може да се поврзе на интернет. Контактирајте
го вашиот давател на интернет услуги и барајте
информации за тоа како да поврзете друг уред, како
на пример вашиот ТВ-уред, на интернет.
Исто така, можно е оваа врска да не е достапна
поради проблем со заштитната бариера. Ако
мислите дека ова е причината за вашиот проблем,
контактирајте го вашиот давател на интернет
услуги. Заштитната бариера може да е причина
за проблемот со воспоставувањето и откривањето
на врската, додека се користи ТВ-уредот во
режим аудио-видео споделување или додека
се прелистува преку функцијата за аудио-видео
споделување.
Неважечки домен
Проверете дали веќе сте поврзани на вашиот
персонален компјутер со авторизирано корисничко
име/лозинка и проверете дали вашиот домен
е активен пред да споделувате датотеки во
програмата на вашиот медиумски сервер на
вашиот персонален компјутер. Ако доменот е
невалиден, може да предизвика проблеми при
прелистувањето на датотеките во режимот аудио-
видео споделување.
Користење на мрежната услугата аудио-видео
споделување
Функцијата аудио-видео споделување користи
стандард што го олеснува процесот на гледање на
дигиталните електронски уреди и ги прави полесни
за користење на домашна мрежа.
Стандардот ви овозможува да прегледувате и
да репродуцирате фотографии, музика и видео-
снимки зачувани на серверот за медиуми поврзан
со вашата домашна мрежа.
1. Инсталација на софтверот на серверот
Опцијата за споделување аудио-видео не може
да се користи ако програмата на серверот не е
инсталирана на вашиот персонален компјутер
или ако не е инсталиран потребниот медиумски
сервер на придружниот уред. Подгответе го својот
Македонски - 30 -

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis