Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GIC 120 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 118

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIC 120 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
118 | Македонски
Монтирање на огледало, магнет или куки
(види слика E)
Огледалото (25), магнетот (23) и куките (24) може да се
монтираат како помошно средство на главата од
камерата (14).
Едно од трите помошни средства ставете го до крај во
отворот на главата од камерата (14).
Напомена: Магнетот (23) и куките (24) се погодни само
за поместување и отстранување на лабаво поставени,
мали и лесни предмети. При јако влечење може да се
оштети камерата за проверка или помошното средство.
Употреба
Заштитете го рачниот уред (1) и акумулаторската
u
батерија (17) од влага и директно изложување на
сончеви зраци. Кабелот и главата на камерата се
отпорни на вода доколку правилно се монтираат.
Рачниот уред и батеријата не се заштитени од вода,
при контакт со вода постои ризик од електричен удар
или оштетување.
Не ја користете камерата за проверка, доколку
u
леќата на главата од камерата (14) е замаглена.
Исклучете ја камерата за проверка, дури откако
влагата ќе испари. Инаку, камерата за проверка може
да се оштети.
Вклучените светла (15) може да се вжештат за
u
време на работата. Не ги допирајте светлата, за да
избегнете изгореници.
Не ја изложувајте камерата за проверка на
u
екстремни температури или осцилации во
температурата. На пр. не ги оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во
температурата, оставете ја камерата за проверка
најпрво да се аклиматизира, пред да ја ставите во
употреба.
Ставање во употреба
Ставање на Micro-SD-картичката
Отворете го горниот поклопец (10) и ставете ја Micro-SD-
картичката (20) до крај во слотот (11). Повторно
затворете го горниот поклопец.
Вклучување/исклучување
За вклучување на камерата за проверка притиснете на
копчето за вклучување-исклучување (3). На екранот (9)
накратко ќе се прикаже стартниот екран.
Напомена: Доколку кабелот за камерата не е монтиран
при вклучувањето, екранот покажува порака за грешка.
За исклучување на камерата за проверка, одново
притиснете го копчето за вклучување-исклучување (3).
Доколку не се притисне копче на камерата за проверка,
таа автоматски се исклучува по истекот на поставеното
времетраење (k).
1 609 92A 63E | (10.11.2020)
Регулирање на светлата на главата на камерата
За да ја осветлите сликата на камерата на екранот, може
да ги вклучите светлата (15) на главата од камерата и да
ја регулирате осветленоста.
Светлината може да се подеси во 4 степени (0 %, 25 %,
50 %, 100 %).
За да ги вклучите светлата на камерата (15) и да ја
зголемите осветленоста притискајте на копчето Светло/
Осветленост (7) додека не ја постигнете саканата
осветленост.
Не погледнувајте директно во светлата (15) и не ги
u
насочувајте истите кон други лица. Светлината на
светлата може да ги заслепи очите.
За намалување на осветленоста и за исклучување на
светлата на камерата (15) притискајте на копчето Светло/
Осветленост (7) додека не ја постигнете саканата
осветленост одн. не се исклучат светлата.
Зголемување на сликата на екранот (Zoom)
Со кратко притискање на копчето Зголемување (2)
можете да ја зголемите сликата на екранот за 1,5 или 2
пати.
Вртење на сликата на екранот (Up is Up™)
(види слика F)
Со копчето Up is Up™ (5) свртете ја сликата, така што на
горната страна на екранот ќе се прикаже горе.
Напомена: ограничена функција при монтирано
огледало (25) и/или при вертикално израмнување на
кабелот од камерата (13)
Креирање на фотографии/видеа
Со копчето за префрлање меѓу фото или видео
режим (8) можете да префрлате фото или видео режим.
Моментално поставениот режим на снимање (a) ќе се
прикаже на статусната лента (b).
Со копчето Активатор за снимање на слики или видеа (6)
сликате слика во соодветниот режим одн. стартувате и
завршувате видео.
Режим на галерија/режим на поставки
Со притискање на копчето (4) на копчињата (8), (7), (5)
и (4) им се доделува друга функција (согласно приказот
на екранот) (2. ниво). Користете ги овие копчиња
согласно приказот на екранот.
Со кратко притискање на копчето (4) ќе се отвори
Режимот на галерија. Со притискање на копчето (4)
можете да ја видите сликата во полна големина и со
притискање на копчето (6) да пуштите видео.
Со долго притискање на копчето (4) ќе се отвори
режимот Поставки. Возможни се следните поставки:
– репродукција на боја (црвена точка)/црно-бела
репродукција (зелена точка) (h)
– осветленост на екранот (i)
– датум/Време (j)
– Auto-Off-функција: Времетраење на неактивноста на
камерата за проверка, по која истата се исклучува (k)
– времетраење на осветленост на екранот (l)
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis