Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GDR 14,4 V-LI Professional Originalbetriebsanleitung Seite 168

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GDR 14,4 V-LI Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
168 | Македонски
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 5 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 6.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 5 притиснете на копчињата за
отворање 6 и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Замена на алатот (види слики A–C)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Редовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрична несреќа.
GDR 14,4 V-LI/GDR 18 V-LI/GDX 14,4 V-LI/GDX 18 V-LI:
Ставање на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување 2 нанапред, алатот
што се вметнува ставете го до крај во прифатот за алат 1 и
повторно олабавете ја чаурата за заклучување 2, за да го
блокирате алатот за вметнување.
За одвртување користете само битови за одвртувач со
топчест затворач 11 (DIN 3126-E6.3). Другите битови за
одвртувачот 13 може да ги ставите со помош на
универзален држач за битови со топчест затворач 12.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување 2 нанапред и
извадете го алатот за вметнување.
GDS 14,4 V-LI/GDS 18 V-LI/GDX 14,4 V-LI/GDX 18 V-LI:
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот за алат, може да се олабави за време на
одвртувањето.
1 609 92A 0XT | (19.12.14)
Поставете го алатот за вметнување 14 на четириаголниот
прифат за алат 1.
Во зависност од системот, алатот за вметнување 14 ќе се
постави на прифатот за алат со мали движења 1; ова нема
влијание на функцијата/безбедноста.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат 1 и алатот што се вметнува се ставаат во
погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели на две фази:
Зашрафување и Прицврстување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и
мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Прекинувачот за правец на вртење 7 поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот
апарат од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија 5 притиснете ја однапред навнатре
во подножјето на електричниот апарат, додека не се
заклучи батеријата.
Поставете го правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 7
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За зашрафување на шрафови и
прицврстување на мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правец на вртење 7 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 7 на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
8 и држете го притиснат.
Лампата 9 свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 е напола или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 8.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis