Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 18V-216 Professional heavy duty Originalbetriebsanleitung Seite 318

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 18V-216 Professional heavy duty:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
318 | Македонски
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Транспортен осигурувач (види слика H)
Транспортниот осигурувач (36) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (9),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (36).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (36).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање (32), ако го
заглавува механизмот за влечење (1). Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– Завртете ја завртката за подесување (5) сосема
нагоре.
– За фиксирање на масата за пила (17) затегнете го
копчето за фиксирање (19).
– Повлечете го кракот на алатот на рачката (9) надолу,
додека транспортниот осигурувач (36) целосно не се
притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пила (види слика I)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на левата и десната
страна со помош на продолжетоците (14).
– Олабавете ja завртката за затворање (15).
– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за
сечење (14) до саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење
повторно затегнете ја завртката за затворање (15).
Поместување на граничната водилка (види слика J)
При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја
поместите подесливата гранична водилка (25).
– Олабавете ја завртката за блокирање (49).
– Целосно извлечете ја граничната водилка (25)
нанадвор.
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (49).
1 609 92A 4UN | (05.06.2019)
По сечење на вертикални агли на закосување, повторно
вратете ја назад подесливата гранична водилка (25)
(олабавете ја завртката за фиксирање (49); поместете ја
граничната водилка (25) целосно навнатре; повторно
зетегнете ја завртката за фиксирање).
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика K)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да
се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (13) и (25).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (26) во
отворите предвидени за таа намена (51).
– Прилагодете ја навојната прачка (50) на столарската
стега според висината на делот што се обработува.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (50) и со неа
фиксирајте го делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот и
вертикалниот агол на закосување
За правење на прецизни резови, по интензивно
користење на електричниот алат мора да проверите во
основните поставки и евентуално да го подесите (види
„Проверка и подесување на основните поставки").
Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање
u
(19)пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да
се заглави во делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(види слика L)
Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси
во граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (19), доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот (20) и свртете ја масата за пила
(17), додека агломерот (22) не го покаже саканиот
агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (19).
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување на масата за пила
има жлебови (23):
лево
45°; 22,5°; 15°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (19), доколку е
затегнато.
– Повлечете го лостот (20) и свртете ја масата за пила
(17) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да
се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (19).
десно
15°; 22,5°; 45°
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis