Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Joy'S S8 Kurzanleitung Seite 66

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 8
■ Не го употребувајте уредот во близина на метални конструкции (конструкции на згради, индустриски конструкции, далноводи).
Елиминирање на пречките во работата на медицинската опрема
■ Овој мобилен уред може да биде причина за пореметување на работата на медицинската опрема. Во мнозинството болници и
медицински установи употребата на вакви уреди може да биде забранета. Кога се наоѓате во медицинска установа, обрнувајте
внимание на знаците за предупредување и исклучете го уредот таму, каде тоа се бара.
■ При употреба на индивидуални портативни медицински уреди задолжително контактирајте го вашиот лекар околу можноста за
користење на мобилен телефон и влијанието врз него на пречките.
■ Ако имате пејсмејкер, тогаш не заборавајте дека овој уред може да влијае негативно на неговата работа.
■ Некои мобилни уреди за врска може да предизвикаат пречки во работата на слушните апаратчиња. Обратете се кај сервисерот за
да изберете алтернативни варијанти.
Општи мерки на претпазливост
Сета одговорност за употребата на овој уред и сите последици од негово користење ги сносите само вие. Исклучете го уредот таму,
каде тоа се бара со специјални знаци или по пат на известување. Употребата на мобилните средства за врска се регулира со мерките за
безбедност и правилата, кои се повикани да го заштитат човекот и животната средина.
■ Не го изложувајте уредот на прекумерно физичко влијание. Не притискајте силно на заштитното стакло на екранот, не ги
стискајте силно копчињата кога отстварувате повик или го листате менито на телефонот. Ако уредот се наоѓа во џебовите на
панталоните, тогаш извадете го пред да седнете. За заштитното стакло, кое што е пукнато при паѓање, за кршењето на телефонот
и др. гаранцијата не важи.
■ Водете грижа за телефонот и неговите додатоци, чувајте ги во чисто место без прашина.
■ Кога го чистите телефонот, не употребувајте агресивни хемиски средства, какви што се спрејовите, разредувачите, киселините.
■ Ако откриете неправилности во работата на уредот, тогаш не обидувајте се да ги отстраните, туку обратете се на мајстори кои имаат
соодветна дозвола за вршење поправка на вакви уреди.
■ Не го ставајте телефонот во задниот џеб од фармерките или панталоните за да не го скршите додека седнувате
■ Избегнувајте ги местата со висока температура. Чувајте го уредот далеку од извори на топлина, какви што се радијаторите,
шпоретите и др.
■ Не го употребувајте уредот при нагли промена на температурата. Во таков случај можна е појавата на кондензат на внатрешните
елементи на уредот, кој што може да предизвика краток спој. При пренесување на уредот од место со ниска температура во место
со висока температура треба да почекате пред да почнете со користење за да кондензатот испари.
■ Сите отвори во уредот се наменети за негова вентилација или други цели, не се обидувајте да ставите во отворите некакви
предмети, тоа може да доведе до дефект.
■ Пред да користите слушалки намалете ја јачината на звукот за да спречите оштетување на органите за слух.
■ Пред чистење на телефонот кабелот задолжително треба да е изваден од штекот. За чистење на куќиштето на телефонот користете
малку навлажена ткаенина, никако не смее да користите влажна ткаенина за чистење на екранот на уредот.
■ Чувајте го телефонот и неговите додатоци во места, што се недостапни за малите деца, не им давајте да си играат со телефонот
и додатоците. Децата нив може да ги оштетат или самите да се повредат. Внатре во уредот има детали со остри агли, батерија и
др, кои што на детето можат да му нанесат тешка телесна повреда. Ако детето голтне елементи на телефонот или додатоците,
тогаш веднаш одете на лекар.
■ За да не дојде до електричен удар, не ги допирајте металните контакти на SIM-картичката.
■ За да се намали ризикот од појава на болка во мускулот или зглобот поради повторување на ситни движења, не го стискајте
премногу силно телефонот и полека притискајте ги копчињата кога пишувате пораки или го листате менито на уредот.
Овој уред користи радиосигнали за врска, затоа не е можно секогаш да се гарантира постојана врска во сите ситуации. Ако дојде
до вонреден случај, тогаш не треба да го имате во предвид само овој уред.
Броеви за идентификација, кои што ги доделуваат државните регулаторни органи
Во склад со предвидените правила за идентификација на овој уред му е доделен број на моделот – S8. За сигурно работење и долг рок
на употреба користете само оригинални додатоци, кои што се произведуваат под следните броеви:
Полнач за мобилни телефони: JCHG-500
Батерија за мобилни телефони: JB-800
Температурен дијапазон на работење: -5°C до 40°C при влажност не повеќе од 95%
Сертификат за соодветност ЕУ
Ознаката ЕУ, што е нанесена на уредот, амбалажата или компонентите на уредот, означува дека тој ги исполнува барањата
на Директивата RE (2014/53 / ЕС) во врска со радиофрекфенциската безбедност, што ги има издадено Комисијата на
Европската заедница.
Овој уред за мобилна врска работи во следните фрекфенциски дијапазони при следната максимална високофрекфенциска моќ:
Максимална моќ што се пропушта (dBm)
GSM 900: 32.20dBm, GSM 1800: 28.50dBm, Bluetooth: 7.52dBm/s
Максимална вредност SAR
За главата: 0.425 W/kg на 10 g ткиво (CE)
За телото: 0.479 W/kg на 10 g ткиво (CE)
Правила за носење на уредот на телото
При носење на телефонот на телото меѓу телото на корисникот и уредот заедно со антената треба да има минимално растојание 0,5 см
што кореспондира со барањата во врска со влијанието на радиофрекфенциското зрачење во Европа. Футролите за носење на уредот,
врвките, држачите за мобилен околу појасот, на облеката или ранецот, што се користат со овој уред, не треба да содржат метални
елементи. Додатоците, кои што не ги исполнуваат овие услови, не се дозволуваат за употреба.
Не го користете телефонот ако неговата антена е оштетена, тоа може да предизвика незначителна изгореница при контактот со неа или
да ја поремети работата на уредот. За замена на антената обратете му се на локалниот продавач каде е купен уредот.
Со ова компанијата производителот изјавува дека уредот S8 целосно ги исполнува барањата на Директивата ЕС 2014/53. Со
целиот текст на директивата може да се запознаете на веб-страната www.joys-mobile.com.
Информација на Асоцијацијата за мобилни телекомуникации и интернет (Telecommunications
& Internet Association, TIA) во врска со мерките за сигурност
Пејсмејкери
За да се избегнат пречки во работењето на пејсмејкерите, Асоцијацијата на произведувачи на медицинска опрема препорачува да се
обезбеди растојание не помало од 15 см меѓу мобилниот телефон и пејсмејкерот. Податоците од препораката совпаѓаат со резултатите на
независното истражување и препораките на Wireless Technology Research што врши истражувања во областа на безжичните технологии.
Безбедно користење на телефонот во случај на пејсмејкер
■ Секогаш телефонот треба да се држи на растојание повеќе од 15 см од пејсмејкерот кога телефонот е вклучен
■ Не треба да се носи телефонот во предниот џеб на градите блиску до срцето
66

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis