Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Joy'S S8 Kurzanleitung Seite 65

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 8
да се стави во штек што е монтиран и заземјен во согласност со сите локални нормативи и правила.
Безбедно користење на изворите на енергија
Надворешен извор на енергија
Извор на енергија за овој телефон е адаптерот, кој што го добивате заедно со телефонот и кој целосно е во согласност со електричните
параметри наведени на неговата етикета. Ако информацијата на етикетата по некакви причини е избришена или ако вие се сомневате во
бараниот вид на извор на енергија, тогаш обратете со до локалната електродистрибуција за совет. При користењето на батеријата како
извор на енергија внимателно запознајте се со упатството за употреба и информацијата на нејзината етикета.
Се препорачува овој телефон да се користи само со овој извор на енергија:
Адаптер за наизменична струја Joy's JCHG-500
Батерија
Заедно со овој уред добивате литиумско-јонска батерија. Неправилното обраќање со батеријата може да доведе до нејзино
воспламенување и здобивање со изгореници и повреди. Забрането е батеријата да се открива, дупчи, крши и демонтира, како и
самостојно да се сервисира. Не ги спојувајте контактите на батеријата меѓу себе. Не ја излагајте батеријата на влијание на оган
или вода, како и на температура повисока од 60 °C.
Овие симболи на уредот, неговите батерии и (или) амбалажата означуваат дека овој уред, неговите додатоци (на пример,
слушалки, адаптер или кабел) и батерии не треба да се рециклираат заедно со обичните отпадоци. Рециклирајте ги
искористените батерии во согласност со локалните правила или упатството за употреба.
Li-Ion
Посебни мерки на претпазливост
■ Чувајте го телефонот подалеку од вода или други течности, при навлегување на вода во уредот може да дојде до краток спој и
дефект на телефонот или негово воспламенување.
■ Телефонот се дозволува да се поврзе само со оние уреди, на кои има нанесено специјално лого USB-IF или кои се сертифицирани
земајќи ги во предвид барањата на програмата USB-IF.
■ Не дозволувајте да дојде до истекување на електролитот од батеријата. Ако има истекување, тогаш не дозволувајте тој да дојде во
допир со кожата или облеката. Ако сепак додје до допир со кожата или облеката, тогаш треба веднаш да го измиете погодениот
дел со чиста вода, а потоа да отидете на лекар. Ако електролитот дојде во допир со очите, тогаш очите не треба да ги чешате, туку
веднаш да ги измиете со чиста вода, а потоа да одите на лекар. Чувајте ја протечената батерија далеку од оган за да се спречи
воспламенување или експлозија.
■ За време на полнењето уредот треба така да е поврзан со најблискиот штек што да има непречен пристап кон него.
Мерки на претпазливост во случај на директна сончева изложеност
Не го употребувајте уредот при екстремно високи температури или зголемена влажност. Не го оставајте уредот во автомобил или во
места каде температурата може да е повеќе од 60 °C, на пример, на прагот од прозорецот или на контролната табла на автомобилот, кои
долго време се изложени на директна сончева светлина или силно УВ-зрачење. Тоа може да предизвика силно загревање на батеријата,
дефект на уредот или опасна ситуација во автомобилот.
Мерки за да се спречи оштетувањето на органите за слух
ВНИМАНИЕ! СЛУШАЊЕТО НА СИЛНИ ЗВУЦИ ПО ТЕЛЕФОН ИЛИ ВО СЛУШАЛКИ ВО ДОЛГ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД
МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ГУБЕЊЕ НА СЛУХОТ.
Безбедносни мерки во авион
За време на летот или кога се качувате во авионот, следете го упатството за употреба на мобилните уреди. Овој уред може да предизвика
пречки во работата на системот за навигација и мрежата во салонот на авионот. Користењето на мобилните телефони во салонот на
авионот во мнозинството држави е забрането со закон. Ако е неопходно да се употреби мобилниот телефон во салонот на авионот, тогаш
задолжително префрлете го телефонот во «Авионски режим», со што се исклучува функцијата на мобилна врска.
Ограничување на употребата во разни места
■ Не го употребувајте уредот во потенцијално експлозивни места, какви што се бензинските пумпи, автосервисите, фабриките
од хемиската индустрија, местата каде се врши минирање, долните палуби на бродовите што превезуваат гориво или хемиски
производи.
■ Во местата, каде воздухот содржи хемиски материи и метална прашина, употребата на уредот може да предизвика искра меѓу
металните честички и како резултат пожар или експлозија со тешки телесни повреди и дури смрт
■ При наоѓање во експлозивни подрачја, што се обележени со посебни знаци, треба строго да се почитуваат правилата и уредот
да се исклучи.
Мерки на претпазливост при возење на автомобил
Бидете крајно внимателни додека возите автомобил, внимавајте на патот. Употребата на телефонот за време на возење автомобил го
одзема вниманието и може да стане причина за автомобилска несреќа. Исто така за време на возење на автомобил не се препорачува да
се употребуваат додатоците за безжична врска, како што се безжичните bluetooth –додатоци, додатоците «hands free». Вие треба да ги
почитувате локалните закони за ограничување на употребата на безжичните уреди за време на возење.
Влијание на магнетското поле и радиофрекфенциското зрачење
■ За да се спречи оштетувањето на електронските уреди и внатрешните чипови, не го употребувајте уредот во близина на предмети
кои произведуваат силно електромагнетско поле или радиофрекфенциско зрачење. На пример, микробрановите печки, радијата,
телевизорите, звучниците и др.
■ Употребувајте само додатоци, кои што ги дозволува произведувачот или само оние што немаат метални компоненти,
■ Употребата на додатоци, кои што произведувачот не ги дозволува, претставува повреда на директивите во врска со влијанието
на радиофрекфенциското зрачење.
65

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis