Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Упатства За Употреба - Global garden products NCL 390 Gebrauchsanweisung

Handgefuhrter rasenmäher
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 26
MK
УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА
1. ЗАВРШНА МОНТАЖА
ЗАБЕЛЕШКА - Тревокосачката може да биде опремена со некои
веќе монтирани компоненти.
ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да се
извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за
поместување на машината и на амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност
со важечките локални закони.
1.1
Прицврстете го дефлекторот со вметнување на осовинката
(1) и пружината (2) како што е прикажано. Прво вметнете ја
осовинката во десното куќиште (4). Потоа крајот на пружината со
окце (3) вметнете го во средниот жлеб, и на крај поставете го
другиот крај наместо (5).
1.2a
Со рачка, тип "I": Предниот дел на веќе поставената рачка
(1), донесете го во позиција за работа и блокирајте го меѓу
фаќалките (2).
Фаќалките (2) треба да се регулираат на тој начин да обезбедуваат
стабилно фиксирање на горниот дел (1) на двата задни дела на
рачката (4 и 5), без примена на прекумерна сила за блокирање или
деблокирање. За регулација на силата на задржување, треба да се
деблокираат фаќалките (2) и да се зашрафат или отшрафат на
својата оска до каде што е потребно.
Порамнување на ракофатите (6) е можно со регулација на висината
на рачката; по извршена регулација, зашрафете ги добро
ракофатите (6).
Фиксирајте го електричниот кабел со помош на стегалките (7 – ако
се предвидени) на начин да ја следи регулацијата на висината на
рачката без да се затегнува.
Точната положба на водилката на кабелот (8) е како што е
прикажано.
1.2b
Со рачка, тип "II": Вратете го долниот дел десно (1) и лево
(2) од ракофатот - водилка во соодветните отвори и стегнете ја со
приложените завртки (3). Зацврстете го горниот дел од ракофатот
(4) на долниот дел со помош на навртките (5) и приложените
завртки како што е прикажано.
Прицврстете го држачот-водилка на кабелот (6) на означеното
место и потоа поставете го кабелот (7). Правилно поставената стега
на кабелот за напојување (8) е прикажана на цртежот.
1.3a
За цврст магацин за трева: Склопете ги двата дела (1) и (2)
внимавајќи двете куки добро да се склопат и наседнат.
1.3b
За магацин за трева од пластика и платно:Со
пластичниот дел (11) надолу, прицврстете го платното (12) за
средниот пластичен дел со штрафови (13). Внесете го платното (12)
во вреќата (14) и спојте ги сите пластични профили (15), со помош
на штрафцигер, како што е прикажано на сликата. Вметнете го на
долниот крај од периметралните граничници (16) платното во
жлебовите на пластичните делови (11), оставајќи 5-7 мм на
краевите.
Монтирајте ја рачката (17) на горниот дел од вреќата и вметнете ја
на соодветните места
1.4
Поставете ги тркалата следејќи ја посочената низа,
затегнувајќи го до крај клинот (1) со дадените клучеви (2).
2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ
2.1
Моторот се контролира преку прекинувач со двојно дејство
кој спречува негово несакано случајно стартување.
За стартување на моторот, притиснете го копчето (2) и повлечете го
лостот (1). Моторот автоматски застанува при отпуштање на лостот
(1).
2.2
Височината се регулира со употреба на лостот (1). ОВА
РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА НОЖОТ МИРУВА.
2.3
Само со рачка, тип "I": Тревокосачката е опремена со
телескопски систем за регулација на рачката на начин што држачот
и командите се наоѓаат на оптимална висина во сооднос со висината
на операторот.
Регулацијата се извршува со порамнување на ракофатите (1) и со
повлекување или вртење на држачот на рачката (2) сe додека не
се постигне саканата позиција; по извршената регулација,
зашрафете ги добро ракофатите (1).
3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА
3.1
Подигнете го дефлекторот и соодветно прицврстете го
магацинот за трева (1) како што е прикажано на сликата.
3.2
Прикачувајте го правилно продолжниот кабел како е
прикажано.
Стартувајте го моторот со притискање на безб едносниот
прекинувач (2) и повлекување на лостот (1) на спојката на погонот.
3.3
Додека косите, внимавајте кабелот за напојување секогаш
да биде зад вас и на површината која е веќе покосена.
Тревникот ќе изгледа поубаво ако тревата секогаш се коси на иста
височина и со наизменично менување на правецот на косење.
3.4
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете го лостот (1).
ПРВО исклучете го кабелот за напојување од мрежната
приклучница (2) и ПОТОА од страната на спојката на тревокосачката
(3).
• Само со рачка, тип "I" со намотување: Исклучете го
продолжниот кабел ПРВО од главниот штекер (2) а, ПОТОА
намотајте го на соодветното место за намотување на
тревокосачката (4).
ПОЧЕКАЈТЕ НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ пред да започнете со
било каква работа на косачката.
ВАЖНА НАПОМЕНА
Ако моторот запре во текот на работата заради прегревање,
почекајте околу 5 минути пред одново да го стартувате.
4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е неопходно за да се
сочуваат
степенот
на
тревокосачката.
Тревокосачката одлагајте ја на суво место.
1) Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред секое
чистење, чување или регулирање на тревокосачката.
2) По секое косење, остранете ги остатоците од трева и кал
наталожени во внатрешноста на шасијата за да избегнете
исушување на истите кои можат да предизвикаат потешкотии во
нарденото користење.
3) Осигурете се дека слободните делови се без остатоци.
4.1
Секоја интервенција врз ножевите мора да се извршува во
специјализиран сервис каде има посоодветна опрема.
За оваа машина се предвидени ножеви кои го носат знакот:
81004142/0
Ножевите треба секогаш да се обележани со знакот
развојот на производот, горенаведените сечива треба со време да
се заменат со други со соодветни карактеристики за замена и
функционална безбедност.
Поставете го сечивото одново (2) со знакот и обележувањето
свртени кон теренот следејќи го посочениот редослед на сликата.
Зашрафете ја централната навртка (1) со динамометричен клуч со
калибрација од 16-20 Nm.
4.2
Немојте да користите вода под притисок и избегнувајте
влажнење на моторот или електричните компоненти.
Немојте да користите груби средства за чистење на шасијата.
5. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно
и приоритетно при употреба на машината во корист на граѓанските
погодности и на просторот во кој живееме.
– Избегнувајте постоење на елементи на нарушување во
непосредното опкружување.
– Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите
кои ќе се резултат на сечењето.
– Доследно следете ги локалните закони за фрлање на
амбалажата, делови во распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее
да се фрлаат во ѓубре туку треба да се селектираат и однесат во
соодветни собирни центри кои рециклираат материјали.
– При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било
во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност
со важечките локални закони.
Ако имате било какви недоумици или проблеми, немојте да се
двоумите да контактирате со најб-лискиот Сервисен Центар или
Продажен пункт.
сигурност
и
оригиналноста
на
. Заради
37

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis