Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTL 3 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 157

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTL 3 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Референтната точка за израмнување на плочки е
точка на пресек P на ласерските линии директно пред
мерниот уред. За да пренесете агол, мерниот уред
мора да се сврти на оваа точка на пресек (види
слика F).
Работење со плоча за израмнување
(види слики D–E)
Со помош на плочата за израмнување (10) може
рамно да го поставите мерниот уред на нерамен или
нестабилен под.
Плочата за израмнување (10) исто така е погодна
како ѕиден држач за мерниот уред. Прицврстете ја
плочата за израмнување на ѕид или на коса површина
на пр. со обични завртки, така што ќе биде
обезбедена од превртување. Употребете либела за
рамно да ја поставите плочата за израмнување на
површината.
Позиционирање на мерниот уред на плочата за
израмнување: Поставете го мерниот уред со
магнетите (4) на долната страна на плочата за
израмнување (10). Мрежата од линии на горната
страна на плочата за израмнување помага при точно
позиционирање на мерниот уред. За пренесување на
агли од 90°одн. од 45° поставете ја плочата за
израмнување на референтен раб или на проекција на
ѕид и поставете го мерниот уред, како што е
прикажано на горната страна на плочата за
израмнување.
Работење со целна табла за ласерот (види слики A)
Целната табла за ласерот (9) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на
ласерот (9) ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната половина ласерската
линија е видлива и од задната страна на целната табла
на ласерот.
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
како заштитни очила. Ласерските заштитни очила
Bosch Power Tools
служат за подобро распознавање на ласерскиот
зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
како очила за сонце или пак во сообраќајот.
Ласерските заштитни очила не даваат целосна UV-
заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
Примери за работа
Проверка на прави агли (види слика A)
Поставете го мерниот уред во еден агол од
просторијата и позиционирајте го, така што
ласерската линија од 0° ќе поминува паралелно во
однос на референтната линија (на пр. ѕид). Измерете
го растојанието помеѓу ласерската линија и
референтната линија директно на мерниот уред на
што е можно поголемо растојание од мерниот уред.
Израмнете го мерниот уред, така што двете
растојанија ќе бидат со еднаква големина.
На крај измерете ги растојанијата на најмалку две
различни точки помеѓу ласерската линија од 90° и
ѕидот. Доколку растојанијата на ласерската линија од
90° се исти, ѕидовите се под прав агол.
Поставување со пример на квадратна плочка
(види слика B)
Поставете го мерниот уред во агол, така што
ласерската линија од 0° ќе поминува паралелно во
однос на ѕидот. Поставете ја првата квадратна плочка
на точката на пресек на ласерската линија од 0° и од
90°.
Поставување во дијагонален пример
(види слика C)
Поставете го мерниот уред, така што ласерската
линија од 45° ќе ја обележува дијагоналната фуга на
плочките.
Поплочување на кујна (види слика D)
Најпрво одредете ја висината, каде што треба да
почне првиот ред со плочки. Прицврстете го мерниот
уред со плочата за израмнување (10) вертикално на
ѕидот, така што ласерската линија од 90° ќе го
покажува долниот раб на првиот ред со плочки.
Поплочување од раб (види слика E)
Поставете го мерниот уред на плочата за
израмнување (10) на работ, така што еден страничен
1 609 92A 4HU | (16.01.2019)
Македонски | 157

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis