Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GTL 3 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 156

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GTL 3 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
156 | Македонски
– Поставете го мерниот алат (без да го вртите) на 5 m
оддалеченост, така што точката на вкрстување на
ласерските линии ќе ја погаѓа веќе означената
точка Ⅱ и ласерската линија од 0° ќе поминува низ
точката  Ⅲ. Означете ја средината на ласерската
линија од 45° на 5 m оддалеченост (точка Ⅳ).
– Свртете го мерниот уред за 45°, така што
средината на ласерската линија од 0° ќе поминува
низ точката  Ⅳ. Точката на вкрстување на
ласерските линии и понатаму мора да лежи на
точката Ⅱ. Означете ја средината на ласерската
линија од 45° на 5 m оддалеченост како точка Ⅴ.
– Свртете го мерниот уред за 45°, така што
средината на ласерската линија од 0° ќе поминува
низ точката Ⅴ. Точката на вкрстување на
ласерските линии и понатаму мора да лежи на
точката Ⅱ. Означете ја средината на ласерската
линија од 45° на 5 m оддалеченост како точка Ⅵ.
1 609 92A 4HU | (16.01.2019)
– Свртете го мерниот уред за 45°, така што
средината на ласерската линија од 0° ќе поминува
низ точката Ⅵ. Точката на вкрстување на
ласерските линии и понатаму мора да лежи на
точката Ⅱ. Означете ја средината на ласерската
линија од 45° на 5 m оддалеченост како точка Ⅶ
што е можно поблиску покрај точката Ⅰ.
– Разликата d меѓу двете точки Ⅰ и Ⅶ го дава
фактичкото отстапување на ласерската линија од
0°и од 45°.
На мерната линија од 4 × 5 m = 20 m максималното
дозволено отстапување изнесува:
20 m × ±0,4 mm/m* = ±8 mm. Разликата d меѓу
точките Ⅰ и Ⅶ смее да изнесува најмногу 8 mm.
* Вредноста ±0,4 mm/m се добива од аголната
точност ±0,2 mm/m плус можна несигурност при
вртење од 0,2 mm/m.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само
u
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Мерниот уред ставајте го секогаш рамно на
u
подот одн. прицврстете го рамно на ѕидот. При
нерамно поставување одн. прицврстување, аголот
е помал од 45° одн. 90°.
За израмнување никогаш не ги користете
u
ласерските линии, коишто мерниот уред на
подот ги проектира на ѕидот. Мерниот уред нема
самонивелирачка функција, па затоа линијата на
ѕидот е искривена.
Поставете го мерниот уред само на чиста плоча
u
за израмнување. На нерамна, извалкана
површина на плочата за израмнување (10)
мерниот уред не може да стои рамно и може да
доведе до погрешни резултати при мерењето.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis