Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GAS Professional 14,4 V-LI Originalbetriebsanleitung Seite 103

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GAS Professional 14,4 V-LI:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2315-002.book Page 103 Friday, October 28, 2016 12:24 PM
Батериски вшмукувач за суви материјали
Препорачани полначи
Трајност на батеријата
– Степен на јачина на вшмукување „High"
– Степен на јачина на вшмукување „Low"
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
1)
во зависност од употребената батерија
2)
ограничена јачина при температури <0 °C
3)
само за индуктивно полнење на батерии
Монтажа
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите наведени на страниците
со опрема. Само овие полначи се соодветни за литиум-
јонската батерија која се користи за вашиот вшмукувач.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да
ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
За да се наполни акумулаторот мора да се извади од
вшмукувачот.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот
при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење. Доколку
се испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи
со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не
се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на вшмукувачот, не
притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на батеријата.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (види слики A1–A2)
Батеријата 6 има два степени на заклучување кои спречуваат
да не испадне батеријата при невнимателно притискање на
копчето за отворање на батеријата 13. Додека батеријата е
вметната во електричниот апарат, таа се држи во позиција со
помош на федер.
– За вадење на батеријата 6 притиснете на копчето за
исклучување 13 и извлечете ја батеријата наназад од
вшмукувачот. Притоа не употребувајте сила.
Монтирање на опремата за вшмукување
(види слика B)
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
Bosch Power Tools
GAS 14,4 V-LI
AL 18..
GAL 3680
min/Ah
8
min/Ah
20
поставките на уредот, замена на деловите или тргање
настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат
невнимателниот старт на вшмукувачот.
Опремата за вшмукување може да се спои директно со
контејнерот за прав 8.
Можностите за комбинирање на различните делови опрема
за вшмукувачот може да ги видите на сликата.
– Вметнете ги деловите од опремата за вшмукувачот цврсто
во приклучокот на контејнерот за прав 8 еден во друг.
Употреба
 Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на
поставките на уредот, замена на деловите или тргање
настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат
невнимателниот старт на вшмукувачот.
Ставање во употреба
 Пред да почнете со вшмукувањето осигурете се дека
филтерската единица е цврсто монтирана.
 Користете само неоштетени филтери (без процепи,
дупки итн.). Веднаш заменете го оштетениот филтер.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот само
доколку го користите.
– За вклучување на вшмукувачот, притиснете го копчето
за вклучување-исклучување 4.
LED-сијаличката 2 свети доколку е вклучен вшмукувачот
и овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.
– За исклучување на вшмукувачот, одново притиснете го
копчето за вклучување-исклучување 4.
Подесување на јачината на вшмукување
По вклучувањето стандардно е поставен степенот на јачина
на вшмукување „High".
– Притиснете го копчето 3 за мала јачина на вшмукување.
– Одново притиснете го копчето 3, доколку повторно сакате
да поставите голема јачина на вшмукување.
1 609 92A 2F4 | (28.10.16)
Македонски | 103
GAS 18 V-LI
AL 18..
GAL 3680
3)
GAL 18... W
9
20

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gas professional 18 v-li

Inhaltsverzeichnis