Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Сервисна Служба - Bosch TR7000 15/18 DESOB Gebrauchsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für TR7000 15/18 DESOB:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
2.1.1
Работни елементи и дисплеи
1 Дисплеј
2 Ротационен прекинувач
2.2
Работа со апаратот
2.2.1
Вклучување и исклучување на апаратот
Проточниот бојлер се вклучува и ја загрева водата кога е отворена
славината за топла вода. Тој повторно се исклучува кога е затворена
славината за вода.
2.2.2
Нагодување на температурата на водата
• Свртете го ротациониот прекинувач.
Саканата температура може да се нагоди меѓу 30°С и 60°С со
постепено зголемување од 0,5°С.
На дисплејот е прикажана избраната температура.
Забелешка: Прикажаната температура е температурата на водата
во апаратот. Температурата на водата што излегува од славината
може да се разликува од прикажаната температура поради загубата
на топлината во цевководот.
2.2.3
Порака за грешка на дисплејот
Ако на дисплејот се појави порака за грешка „Е.." или ако ЛЕД-
сијаличката трепка, видете го поглавјето „Проблем, што да
направите?".
2.2.4
Соларно загревање
Апаратот може да работи со однапред загреана вода (на пример, од
единица за соларна енергија).
ПРЕДУПРЕЖДЕНИЕ:
Внимание!
Опасност од изгореници!
▶ Ако излезната температура на водата што излегува од славината
е повисока од нагодената температура, причина за тоа е што
доводната вода од домашниот систем е премногу топла, на
пример, затоа што се загрева од единицата за соларна енергија.
• Термостатскиот претмиксер во домашното снабдување мора да
се нагоди соодветно на пониска температура.
TR7000 – 6 720 876 024 (2018/04)
2.2.5
Стартување по прекин на електричната енергија
• Отворете ја славината за топла вода до крај и оставете ја да тече
додека не се загрее.
2.2.6
Користење на апаратот по исклучување на доводот на
вода
• Исклучете го апаратот (отшрафете го осигурувачот во кутијата со
осигурувачи).
• Отворете ја славината за топла вода и оставете ја отворена
додека воздухот целосно не излезе од цевката за вода.
• Повторно вклучете го осигурувачот.
• Отворете ја славината за топла вода до крај и оставете водата да
тече барем една минута.
Дури потоа (од безбедносни причини) апаратот ќе почне да грее.
Сега апаратот е подготвен за работа.
2.2.7
Заштеда на енергија
• Нагодете ја саканата температура на водата директно на
апаратот.
Забелешка: Мешањето со ладната вода од славината троши
непотребна вода и енергија.
Со тоа, исто така, се зголемува создавањето бигор во апаратот.
Според тоа, секогаш нагодувајте ја саканата температура директно
на проточниот бојлер.
2.2.8
Работа во зима
Забелешка: Во зима е можно доводната температура на водата да
биде намалена, а да не може да се постигне бараната излезна
температура.
• Намалете го протокот на вода во славината додека не се постигне
саканата температура.
2.3
Чистење
• Бришете го апаратот само со влажна крпа..
• Не користете кисели или груби материјали за чистење.
• Не користете чистач на пареа.
2.4
Сервисна служба
Секогаш на BOSCH доставете му го бројот (SNR/TTNR) на вашиот
уред кога се јавувате кај инженерот во сервисната служба. Броевите
ќе ги најдете на натписната плочка на внатрешната страна на
предниот капак.
Информациите за контакт во вашата држава може да се најдат на
последните страници на ова упатство.
2.5
Еколошко исфрлање
• Фрлете го уредот на еколошки начин.
Овој уред е означен во согласност со Европската
директива 2012/19/EU – се однесува на користени
електрични и електронски уреди (waste electrical and
electronic equipment – WEEE).
Упатството ја одредува постапката за враќање и за
рециклирање користени електрични и електронски
уреди според примената низ ЕУ.
Ве молиме, информирајте се кај вашиот продавач за
актуелните локации за отпад.
Подлежи на промени без претходно известување.
Упатство за употреба
21

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Tr7000 21/24 desobTr7000 24/27 desob

Inhaltsverzeichnis