Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch EasySaw 12 Originalbetriebsanleitung Seite 145

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für EasySaw 12:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата (2) притиснете на копчињата
за отклучување (1) и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказот за наполнетоста на батеријата (10) при
половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување (3) за неколку секунди ја
прикажува наполнетоста на батеријата и има зелени LED
светилки.
LED светилки
Трајно зелено светло
Трајно портокалово светло
Трајно црвено светло
Вметнување/замена на сечилото за пилата
При ставање или при замена на електричниот алат
u
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пилата
Поставувајте само сечила за пила со сечило со еден
заоблен дел (T‑сечило). Користете само сечила за пила
што се соодветни за материјалот што се обработува.
Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е
потребно за предвидениот рез.
Bosch Power Tools
Капацитет
≥ 66 %
33–66 %
≤ 33 %
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечилото за пила (види слика A)
Исчистете го сечилото на листот за пила пред
u
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Вметнете го сечилото за пила (8) за сечење со убодна
пила со правец на резот нанапред, за сечење со сабјеста
пила со правец на резот наназад. Вметнете го во саканата
позиција до крај во прифатот за сечилото за пила (9),
додека не слушнете да се вклопи.
Напомена: Сечилото за пила (8) може да се стави само
доколку прифатот за сечило за пила (9) е отворен. За да
го отворите, притиснете го прифатот за сечило за
пила (9) во правец на стрелката надолу.
Проверете дали е стабилно сечилото за пила.
u
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечило за пила (види слика B)
При вадењето на сечилото за пила држете го
u
електричниот алат така што нема да се повредат
лица или животни со исфрленото сечило.
Притиснете го прифатот за сечило за пила (9) во правец
на стрелката надолу. Сечилото за пила ќе се отпушти и ќе
се исфрли.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2 .
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
Македонски | 145
1 609 92A 4L7 | (06.11.2018)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Easycut 12

Inhaltsverzeichnis