Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Македонски; Безбедносни Напомени - Bosch GIC 120 C Professional Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIC 120 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2385-004.book Page 122 Tuesday, November 7, 2017 9:09 AM
122 | Македонски
Македонски
Безбедносни напомени
Дигитална камера за проверка
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбеднос-
ните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
 Камерата за проверка смее да се поправа само од
страна на квалификуван стручен персонал со
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на камерата за проверка.
 Не работете со камерата за проверка во околина каде
постои опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Камерата за проверка
создава искри, кои може да ја запалат правта или
пареата.
 Пред било каква интервенција на камерата за
проверка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и
при транспорт и складирање, извадете ја батеријата
од камерата за проверка.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
долготрајно изложување на сончеви зраци,
оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од
експлозија.
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални пред-
мети, што може да предизвикаат премостување на
контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата
може да предизвика изгореници или пожар.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи пра-
вилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на
лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
 Батериите полнете ги со полначи што се препо-
рачани исклучиво од производителот. Доколку
полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид
батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашата
камера за проверка од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
1 609 92A 3Z0 | (7.11.17)
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или одвртувач или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 По автоматското исклучување на камерата за
проверка, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
 Пред да ја употребите камерата за проверка,
проверете го работното поле. Ниеден дел од
камерата за проверка не смее да дојде во контакт со
електрични кабли, подвижни делови или хемиски
супстанци. Електричните кабли, што поминуваат во
работното поле, исклучете ги од струјното коло.
Овие мерки го намалуваат ризикот од експлозии,
електричен удар или материјални штети.
 Носете соодветна лична заштитна опрема како
заштитни очила, заштитни ракавици или заштитна
маска за дишење, доколку постојат супстанци
опасни по здравјето во работното поле. Каналите за
одводнување или сличните области може да содржат
цврсти, течни или гасовидни супстанци, кои се
отровни, инфективни, имаат нагризувачко дејство или
се опасни по здравјето на друг начин.
 Особено внимавајте на чистотата, доколку работите
во полиња со супстанци опасни по здравјето. Не
јадете за време на работата. Избегнувајте контакт со
супстанци опасни по здравјето и по работата исчистете
ги дланките и другите делови од телото што дошле во
контакт со супстанците со топол раствор од сапун. Со
тоа се намалува опасноста по здравјето.
 Не стојте во вода, доколку ја користите камерата за
проверка. При работење во вода постои ризик од
електричен удар.
Магнет
Не го принесувајте магнетот 23 во
близина на пејсмејкери. Магнетот создава
поле, кое може да ја наруши функцијата на
пејсмејкерите.
 Магнетот 23 држете го подалеку од магнетски
носачи на податоци и уреди осетливи на магнет.
Поради влијанието на магнетот, може да дојде до
неповратно губење на податоците.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на камерата за проверка, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis