7.2.5 Погон на моторната фреза
Работата на погонот се врши преку клинест
ремен. По потреба, погонот може да биде
поправен. За таа цел обратете се до службата
за клиенти.
7.3 Чување
Испразнете го резервоарот за гориво доколку
не го употребувате апаратот подолго време.
Исчистете го апаратот и намазете ги сите
метални делови со тенок филм на масло
заради заштита од 'рѓосување. Чувајте го
апаратот во чиста и сува просторија.
7.4 Нарачка на резервни делови:
При нарачката на резервни делови потребно
е да се наведат следните податоци:
•
Тип на апаратот
•
Број на артикл на апаратот
•
Идент. број на апаратот
•
Број на резервен дел за потребниот
резервен дел
Актуелни цени и информации можете да
најдете на www.isc-gmbh.info
8. Отстранување и рециклирање
Овој апарат се наоѓа во пакување за да
се спречат оштетувања при транспортот.
Пакувањето претставува суровина и може
да биде повторно употребено или да биде
вратено во циклусот за обработка на
суровините. Овој апарат и неговите додатоци
се состојат од различни материјали како на
пример метал и пластики. Дефектни апарати
не се отстрануваат во ѓубре за домаќинства.
Заради соодветно отстранување апаратот
треба да биде предаден во соодветни
собирни центри. Доколку не ви е познато
дали има собирен центар, информирајте се во
градската управа.
Anl_GC_MT_3036_SPK4.indb 65
Anl_GC_MT_3036_SPK4.indb 65
MK
- 65 -
04.08.2015 13:13:56
04.08.2015 13:13:56