Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

E-FLOR AL 18 LI Bedienungsanleitung Seite 76

Inhaltsverzeichnis

Werbung

4. Употреба на и управување со електричната алатка
a. Не преоптеретувајте го уредот. За вашата работа користете ја електричната
алатка со соодветна намена. Со соодветната електрична алатка ќе работите
подобро и посигурно во дадената работна област.
b. Не користете електрична алатка чиј што прекинувач е дефектен.
Електричната алатка која што повеќе не може да се вклучува или исклучува е
опасна и мора да се однесе на поправка.
c. Извлечете го приклучокот од дозната и/или отстранете ја акумулаторската
батерија пред да правите прилагодување на уредот, менување на
додатоците или складирање на уредот. Оваа безбедносна мерка го спречува
непланираното вклучување на уредот.
d. Електричните алатки што не ги користите, чувајте ги надвор од дофат на деца.
Не дозволувајте користење на уредот од страна на лица кои не се запознаени
со начинот на работа на уредот или пак ги немаат прочитано овие упатства.
Електричните алатки се опасни кога се користат од страна на неискусни лица.
e. Внимателно негувајте го уредот. Контролирајте дали подвижните делови
на уредот функционираат беспрекорно и не закачуваат, дали се скршени
или оштетени некои делови кои што влијаат на функционирањето на
уредот. Оштетените делови сменете ги пред повторно да го користите уредот.
Многу несреќи настануваат поради лошо одржување на електричните алатки.
f. Алатките за сечење чувајте ги остри и чисти. Грижливо негуваните алатки
за¬сечење со остри рабови на сечилата помалку се блокираат и се полесни за
управување.
g. Електричната алатка, додатоците, алатките за вградување и сл. користете
ги согласно овие упатства и на начин пропишан за овој специјален тип
уред. При тоа земете ги предвид работните услови и работата која треба да
ја реализирате. Користењето електрични алатки за други намени различни од
предвидената може да доведе до опасни ситуации.
5. Дополнителни безбедносни упатства за дувалките за отпаднати листови
a. Не насочувајте го врвот на дувалката за отпаднати листови кон луѓе или животни.
b. Не дувајте ги отпадоците во правец на луѓе или животни.
c. Користете го уредот само на дневна светлина или со добро вештачко осветлување.
d. Не ставајте ја раката во цевката за дување пред да ја исклучите дувалката за
отпаднати листови и пред да го извлечете приклучокот од дозната одн. да ја
извадите акумулаторската батерија.
e. Користете само продолжен кабел кој што е наменет за користење во
надворешни услови. Кабелот држете го настрана од превисока топлина, од
масло, растворувачи и остри рабови.
f. На одреден период проверувајте дали сите завртки и шрафови се добро заштрафени.
g. Корисникот е одговорен за несреќи и опасни ситуации на кои што се изложуваат
други лица или нивниот имот.
h. За да избегнете иритација од прашина, препорачуваме да носите заштитна маска
за прашина.
i. Не носете го уредот држејќи го за кабелот.
j. Одржувајте добра рамнотежа на стрмни делови.
1197940 BDA AL 18 LI.indd 75
75
10.10.12 10:43

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Verwandte Produkte für E-FLOR AL 18 LI

Inhaltsverzeichnis