OBJ_BUCH-2450-001.book Page 418 Wednesday, April 29, 2015 9:07 AM
418 | Македонски
Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во
сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван
стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор.
Може да ги заслепат другите лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред
создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Внимание! При користењето на мерниот уред со Bluetooth® може да
настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински
апарати (на пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не може
сосема да се исклучат штетните влијанија на луѓето и животните во
непосредната околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во
близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области
со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го
користете мерниот уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте
долготрајна употреба во директна близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани
трговски марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа
ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch GmbH.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот уред, и
држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за мерење на далечини, должини, висини, растојанија,
косини и за пресметување на површини и волумени.
Мерните резултати може да се пренесат преку Bluetooth® на други уреди.
2 609 141 257 | (29.4.15)
Bosch Power Tools