Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch EasyRadio 12 Originalbetriebsanleitung Seite 124

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 5
OBJ_BUCH-3005-001.book Page 124 Monday, September 5, 2016 11:47 AM
124 | Македонски
Ставање/менување на батериите за резервно
напојување
За да може да го меморирате времето на часовникот на
радиото, мора да се стават батерии за резерно
напојување. Притоа се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии
олабавете ја завртката 18 и извадете го поклопецот од
преградата за батерии 19. Ставете ги батериите за
резервно напојување. Притоа внимавајте на половите во
согласност со приказот на надворешната страна на
поклопецот на преградата за батерии.
Повторно ставете го поклопецот на преградата за батерии
19 и прицврстете го со завртката 18.
Заменете ги батериите за резервно напојување, доколку
приказот e стане послаб и времето на часовникот на
радиото не може да се меморира.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Извадете ги резервните батерии од радиото
доколку не сте го користеле подолг период. Доколку
се подолго време складирани, резервните батерии
може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
 Заштитете го радиото од влага и директно
изложување на сончеви зраци. Радиото смее да се
употребува само во суви внатрешни простории.
Аудио режим
Вклучување/исклучување
За вклучување на радиото притиснете на копчето за
вклучување-исклучување 3. Екранот ќе се активира 8 и ќе
го пушти аудио изворот поставен при последното
исклучување на радиото.
Напомена: За време на првата употреба со акумулатор
или по подолг период на неупотребување на радиото,
можно е да треба повеќе пати или подолго да го притис-
нете копчето за вклучување-исклучување 3 за да го
вклучите уредот.
Екранот 8 ќе се осветли неколку секунди при секое
притискање на копчето.
За исклучување на радиото одново притиснете на
копчето за вклучување-исклучување 3. Ќе се зачува
моменталната поставка на аудио изворот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го радиото само
доколку го користите.
Подесување на гласноста
По вклучувањето на радиото секогаш се поставува средна
гласност (вредност 10).
За зголемување на гласноста притиснете на копчето
„Vol +" 6, а за намалување на гласноста на копчето „Vol –"
5. Подесувањето на гласноста „VL" се појавува со вред-
ност помеѓу 0 и 20 неколку секунди на приказот e на
екранот.
1 609 92A 1PT | (5.9.16)
Пред подесувањето или менувањето на радио станицата
поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот
на надворешен аудио извор на средна вредност.
За исклучување на тонот можете да го притиснете копчето
„Mute" 13. За да го вклучите повторно тонот, притиснете
одново или на копчето „Mute" 13 или на едно од
копчињата за гласност „Vol +" 6 одн. „Vol –" 5.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радиото има
вграден изедначувач.
За да го смените рачно нивото на бас, притиснете еднаш
на копчето „Equalizer" 4. На екранот се појавуваат „BA"
како и зачуваната вредност на нивото на басот на приказот
e. За нивото на високиот тон одново притиснете го копчето
„Equalizer" 4, на приказот e се појавуваат „TR" како и
зачуваните вредности на нивото на висок тон.
Нивото на бас одн. висок тон може да се промени во гра-
ници од –5 до +5. За зголемување на прикажаната вред-
ност притиснете на копчето „Vol +" 6, а за намалување на
копчето „Vol –" 5. Променетите вредности автоматски ќе
се зачуваат, доколку приказот e се врати на приказ на
времето неколку секунди по последното притискање на
копчето.
Избирање на аудио извор
За избор на аудио извор притискајте на копчето „Source"
14, додека на екранот не се појави приказот f за саканиот
внатрешен аудио извор (види „Подесување/зачувување
на радио станицата", страна 124) одн. надворешен аудио
извор (види „Приклучување на надворешни аудио
извори", страна 125):
– „FM": радио преку UKW,
– „AM": радио преку MW,
– „AUX": надворешен аудио извор (на пр. CD-плеер)
преку 3,5-mm-отвор 22.
Подесување на стапчестата антена
Радиото се испорачува со монтирана стапчеста антена 7.
За време на работата на радиото свртете ја антената во
правецот, којшто овозможува најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радиото на место
со подобар прием.
Напомена: При работа на радиото во непосредна близина
на радио инсталации, радио уреди или други електронски
уреди може да дојде до попречување на радио приемот.
Подесување/зачувување на радио станицата
Притискајте на копчето за избор на аудио извор „Source"
14, додека на приказот не се појави f „FM" за приемното
поле ултра кратки бранови (UKW) одн. „AM" за приемното
поле средни бранови (MW).
За подесување на одредена радио фреквенција при-
тиснете на копчето за пребарување нанапред
ја зголемите фреквенцијата, одн. копчето за пребарување
наназад
11, за да ја намалите фреквенцијата.
Моменталната фреквенција се појавува на приказот a на
екранот.
12, за да
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis