Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GWS 10,8-76 V-EC Professional Originalbetriebsanleitung Seite 186

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GWS 10,8-76 V-EC Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

186 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на електричниот
апарат.
Наполнетата батерија 4 вметнете ја во дршката, додека не
се вклопи и не легне рамно во дршката.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 3 нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 нанапред надолу додека не се
вклопи.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 одн. доколку
тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 наназад надолу и потоа
ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат
само доколку го користите.
 Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку една минута, без да го
користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или алати за брусење што
вибрираат. Оштетените алати за брусење може да
пукнат и да предизвикаат повреди.
Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
Црвениот LED-приказ 6 ви помага да ја заштитите
батеријата од прегревање и моторот од преоптоварување.
Доколку LED-приказот свети 6 непрекинато црвено,
температурата на батеријата е превисока и електричниот
апарат автоматски се исклучува.
– Исклучете го електричниот апарат.
– Оставете ја батеријата да се олади, пред да продолжите
со работата.
Доколку LED-приказот трепка 6 црвено, електричниот
апарат е блокиран и автоматски се исклучува.
– Извлечете го електричниот апарат од делот што се
обработува.
Штом се отстрани блокадата, електричниот апарат
продолжува да работи.
Совети при работењето
 Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика".
 При сечење на лесни материјали, внимавајте на
законските одредби и препораки на производителот
на материјалот.
1 609 92A 0W5 | (3.9.15)
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 По силното оптоварување, оставете го електричниот
апарат уште неколку минути во празен од, за да се
излади.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
 Електричниот апарат не го користете со пулт за
сечење.
Доколку електричниот апарат се полни електростатички,
инсталираната електроника го исклучува електричниот
апарат. Одново притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 3, за да може повторно да го
користите електричниот апарат.
Грубо брусење
 Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за
грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење
ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот апарат со притисок наваму-
натаму. Притоа, делот што се обработува нема да се
вжешти, да се офарба и нема да има бразди.
Сечење на метал
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење 10.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не одете во
агли и не осцилирајте.
Не ги кочете брусните плочи за сечење со страничен
притисок.
Електричниот апарат секогаш мора да се води во спротивен
правец на движење. Инаку постои опасност, тој
неконтролирано да се истисне од резот.
При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е
да поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
 При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
 Носете маска за заштита од прав.
 Електричниот апарат смее да се користи само за
сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска
брусна плоча за сечење.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со
чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу
дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете
ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење во празен
од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis