Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSA 18V-32 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 155

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSA 18V-32 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2835-002.book Page 155 Tuesday, November 15, 2016 3:41 PM
Кратки резови (види слика F)
Со еластичните биметални листови за пила, може да
сечете на пр. градежни елементи што стрчат како
водоводни цевки, непосредно на ѕидот.
Поставете го листот за пилата директно на ѕид и свиткајте
го малку со страничен притисок на електричниот апарат,
додека основната плоча не легне на ѕидот. Вклучете го
електричниот апарат и сечете го делот што се обработува
со постојан страничен притисок.
Куки за закачување (види слика D)
Со куките за закачување 5 може да го закачите
електричниот апарат на пр. на скала. Отворете ги куките за
закачување 5 во саканата позиција.
 При закачувањето на електричниот алат,
внимавајте листот за пилата да е заштитен од
невнимателно допирање. Постои опасност од
повреда.
Повторно склопете ги куките за закачување 5, кога ќе
сакате да работите со електричниот апарат.
Средства за разладување/подмачкување
При сечење на метал, заради вжештување на материјалот,
нанесете средство за ладење одн.подмачкување по
должината на линијата на резот.
Напомени за оптимално користење на батериите
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
–20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Прифатот за листовите за пила, воглавно може да го
исчистите со компресиран воздух или со мека четка.
Притоа, извадете го листот за пилата од електричниот
апарат. Одржувајте ја функционалноста на прифатот за
листовите за пила со употреба на соодветни средства за
подмачкување.
Bosch Power Tools
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните апарати што се
вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Македонски | 155
1 609 92A 2L0 | (15.11.16)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis