Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSA 18V-32 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 151

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GSA 18V-32 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2835-002.book Page 151 Tuesday, November 15, 2016 3:41 PM
 По завршување на работниот процес исклучете го
електричниот апарат и извлечете го листот за пила
дури откако ќе биде во состојба на мирување. На тој
начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно
да го оставите електричниот апарат.
 Користете само неоштетени, беспрекорни листови
за пила. Искривените или неостри листови за пила
може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето
или да предизвикаат повратен удар.
 По исклучувањето не го закочувајте листот за пила
со странично притискање. Листот за пила може да се
оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
 Добро затегнете го материјалот. Материјалот што се
обработува не го држете со рака или нога. Не
допирајте предмети или пак тлото со пилата додека
работи. Постои опасност од повратен удар.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Bosch Power Tools
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на дрво,
пластика, метал и градежни материјали со фиксирано
запирање. Тој е наменет за прави и криви резови. Треба
да внимавате на препораките за листови за пилата.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Лист на пилата*
2 Основна плоча
3 Лост за подигање
4 Лост за откочување на листот за пила
5 Куки за закачување
6 Вртлив прекинувач за осцилации (3-степен)
7 Копче за подесување на бројот на удари
8 Прекинувач за вклучување/исклучување
9 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
10 Батерија
11 Приказ за наполнетоста на батеријата
12 Копче за приказот за наполнетост на батеријата
13 Копче за отклучување за подесување на основната
плоча
14 Светилка „PowerLight" (Двојна LED-светилка)
15 Рачка (изолирана површина на дршката)
16 Копче за отклучување на батеријата
17 Прифат за батеријата
18 Прифат за листот за пилата
*Во зависност од верзиите за земјите, во обемот на испорака се
содржани различни листови за пила.
Македонски | 151
1 609 92A 2L0 | (15.11.16)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis