Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 3 600 HB3 0 Series Originalbetriebsanleitung Seite 234

Akku-teleskop-heckenschere
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
OBJ_BUCH-3148-001.book Page 234 Thursday, September 28, 2017 10:53 AM
234 | Македонски
Безбедносни напомени за полначи
Прочитајте ги
сите напомени и
упатства за
безбедност.
Грешките настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот само откако ќе
ги проучите сите функции и може да
ги примените истите без
ограничувања или откако ќе ги
добиете потребните упатства.
Не дозволувајте им на деца,
личности со ограничени физички,
сензорни или психички
ограничувања и/или недостаток на
знаење или на личности
незапознаени со ова упатство да го
употребуваат уредот. Локалните
прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот.
Надгледувајте ги децата. Поради
сигурност, не дозволувајте им на
деца да си играат со уредот.
Полнете само Bosch литиум-
јонски акумулатори со капацитет
од 1,5 Аh (од 3 акумулаторски
ќелии). Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за
полнење на полначот. Не полнете
повторно полнливи батерии.
Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
F 016 L81 577 | (28.9.17)
 Полнете само литиум-јонски батерии од Bosch.
Напонот на батеријата мора да одговара на напонот
за полнење на батеријата. Инаку постои опасност од
пожар и експлозија.
 Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
 Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
 Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
 Не ги покривајте отворите за проветрување на
полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не
функционира правилно.
 За безбедност од струен удар се препорачува да се
користи заштитна склопка со максимална излезна
струја од 30 mA. Пред употреба, испробајте ја Вашата
Фи-склопка.
Одржување
 Извадете ја батеријата пред чистење, поправање
или складирање на машината.Секогаш носете
заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или
во нивна близина.
 Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги
веднаш оштетените или изабените делови.
 Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки,
завртки и шрафови, за безбедна употреба на
косачката.
 Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
 Секогаш подмачкувајте го сечилото пред употреба
и пред складирање со спреј за одржување.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
Правец на реакција
Правец на движење
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Universalhedgepole 18

Inhaltsverzeichnis