Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 3 600 HB3 0 Series Originalbetriebsanleitung Seite 232

Akku-teleskop-heckenschere
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
OBJ_BUCH-3148-001.book Page 232 Thursday, September 28, 2017 10:53 AM
232 | Македонски
Употреба и чување на моќните алати
 Не го преоптоварувајте моќниот алат. Користете
соодветен моќен алат за намената. Со соодветниот
моќен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја
извршите работата за која е наменет.
 Не користете моќен алат ако со копчето не можете
да го вклучите и исклучите. Секој моќен алат кој не
може да се контролира со копчето е опасен и мора да се
поправи.
 Исклучете го моќниот алат од струја и/или извадете
го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или да го складирате моќниот
алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се
намалува ризикот од случајно вклучување на моќниот
алат.
 Чувајте ги моќните алати подалеку од дофат на деца
и не дозволувајте лицата кои не ракувале со
моќниот алат или не се запознаени со ова упатство
да работат со истиот. Моќните алати се опасни во
рацете на необучени корисници.
 Одржување на моќните алати и дополнителната
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови кои може негативно да
влијаат врз функционирањето на моќниот алат. Ако
е оштетен, однесете го моќниот алат на поправка
пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани
заради несоодветно одржување на моќните алати.
 Острете ги и чистете алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
 Моќниот алат, дополнителната опрема, деловите и
др., користете ги во согласност со ова упатство,
внимавајте на работните услови и работата која ја
вршите. Користењето на моќниот алат за други
активности од наменетите може да доведе до опасни
ситуации.
 Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во неочекувани
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
 Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
производителот. Полнач кој е соодветен за еден тип
комплет со батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг комплет со батерии.
 Моќните алати користете ги само со специјално
наменети комплети со батерии. Користењето на
други комплети со батерии може да предизвика
опасност од повреда или пожар.
 Кога не го користите комплетот со батерии, чувајте
го подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, метални пари, клучеви, шајки, завртки
или други помали метални предмети, кои може да
F 016 L81 577 | (28.9.17)
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој
на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
 Под непредвидени околности, течноста може да
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритирање или изгореници.
 Не употребувајте комплет со батерии или алат кој е
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
 Не го изложувајте комплетот со батерии или алатот
на оган или висока температура. Изложувањето на
оган или температура над 130 °C може да предизвика
експлозија.
 Следете ги сите инструкции за полнење и не го
полнете комплетот со батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во инструкциите.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
 Моќниот алат сервисирајте го кај квалификувано
лице кое користи само идентични резервни делови.
Со ова се обезбедува безбедно одржување на моќниот
алат.
 Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии. Поправката на комплети со батерии треба да
ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни правила за електричните ножици
за жива ограда
 Сите делови од телото држете ги подалеку од
сечилото. Не обидувајте се во тек на работата на
ножиците да го отстранувате исечениот материјал
или да го држите исечокот цврсто. Осигурајте се
дека прекинувачот е исклучен и дека батеријата е
извадена пред да одглавувате заглавен материјал.
Еден момент на невнимание при работа со ножиците за
режење може да доведе до тешки повреди.
 Држете го уредот за изолираните површини (Главна
дршка 11, предна дршка 6 или проширената
површина на рачката 8), бидејќи сечилото може да
дојде во допир со скриени кабли. Допир на сечилото
со жица под напон може да ги доведе и другите метални
делови на уредот под напон и со тоа да доведе до струен
удар.
 Работете со машината само на изолирани
површини, зошто сечилото може да дојде во допир
со скриени електрични инсталации. Ако сечилото
дојде во допир со проводник на електрична енергија,
преку металните делови на машината може да
предизвика електричен удар кај ракувачот со
ножиците.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Universalhedgepole 18

Inhaltsverzeichnis