Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GFF 22 A Professional Originalbetriebsanleitung Seite 149

Flachdübelfräse
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GFF 22 A Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-268-004.book Page 149 Wednesday, June 11, 2014 1:11 PM
 Извадете ги алатите за подесување или клучевите за
зашрафување, пред да го вклучите електричниот
апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
 Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуации.
 Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
 Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно
се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Bosch Power Tools
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за глодалка за
плоснати типли
 Плочестите глодала мора да бидат конструирани
барем за бројот на вртежи наведен на електричниот
апарат. Плочестите глодала коишто работат со
преголем број на вртежи може да се распаднат и да
предизвикаат повреди.
 Држете го електричниот апарат на изолираните
дршки, бидејќи глодалото може да го фати
сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот
кабел може металните делови на уредот да ги стави под
напон и да доведе до електричен удар.
 Секогаш користете плочести глодала со правилна
големина и соодветен отвор на прифат. Плочестите
глодала, што не одговараат на монтажните делови на
глодалката, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.
 Доколку е вклучен, не го водете електричниот
апарат директно кон делот што се обработува. Инаку
постои опасност од повратен удар, доколку алатот што
се вметнува се заглави во делот што се обработува.
 Не посегајте со дланките во полето на глодање и во
глодалката. Со другата рака држете ја
дополнителната дршка. Доколку со двете дланки ја
држите глодалката, нема да може да се повредите.
 Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци
и шрафови. Глодалката може да се оштети и да доведе
до зголемени вибрации.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Не користете тапи или оштетени глодалки. Тапите
или оштетените глодалки предизвикуваат зголемено
триење, може да се заглават и да доведат до
нерамнотежа.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Македонски | 149
3 609 929 C81 | (11.6.14)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis