Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch AFS 23-37 Originalbetriebsanleitung Seite 178

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AFS 23-37:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
OBJ_BUCH-2432-006.book Page 178 Thursday, June 8, 2017 10:50 AM
178 | Македонски
Не вршете никакви преправки на
косачката. Неовластените
модификации можат да доведат до
нарушување на безбедноста на
косачката, или да ја зголемат
бучавата или вибрациите.
Уредот чувајте го на безбедно, суво
место, вон дофат на деца. Не
редете други предмети на уредот.
Користете само Бош резервни
делови кои се препорачани и
одобрени за употреба со овој
уред. (види слика 14)
При подолга работа со уредот (или
со други машини) ракувачот е
изложен на влијанието на
вибрации, што може да доведе до
појава на болеста Бели прсти
(Рејноов феномен) или Синдром на
карпален тунел.
Овие состојби го оштетуваат
сетилото за допир и
терморегулацијата на дланките,
предизвикуваат чувство на трнење
и горење, како и нервни или
циркуларни оштетувања и некроза
на ткивото.
Ако имате симптоми на преголема
изложеност на вибрации, обратете
се кај лекар. Овие симптоми
вклучуваат трнење, губење на
сетилото за допир, вкочанетост,
пецкање, боцкање, болка, загуба
на сила, промени на бојата или
состојбата на кожата. Овие
симптоми се јавуваат во прстите,
дланките и зглобовите.
Секогаш употребувајте го уредот за
соодветна намена. Внимавајте да
употребувате соодветни предни и
F 016 L81 755 | (8.6.17)
задни дршки за држење на уредот
и, ако е потребно, ограничете го
времето на користење на уредот.
Внимавајте на можноста од
повратен удар, што се случува кога
сечилото удри во тврд предмет при
кастрење грмушки. Потрудете се
да ги минимизирате ефектите на
повратните удари.
Овој уред е предвиден да се
користи со приложената
нараменица. Нараменицата
поставете ја правилно за добро да
го балансира уредот, со што се
намалува можноста за повреда на
ракувачот.
При транспорт и складирање
сечилото треба да се прекрие со
соодветен штитник.
Струјните кабли држете ги
понастрана од оштрите делови.
Одржување
Секогаш носете заштитни
ракавици при работа со или во
близина на оштар нож.
Редовно одржувајте го уредот за
да обезбедите долга и безбедна
употреба:
За да обезбедите безбедна работа
со уредот, сите завртки, навртки и
матици мора да се добро затегнати.
Прегледајте го уредот и заменете ги
оштетените и истрошените делови.
Редово прегледувајте ја косачката
и замеувајте ги веднаш оштетените
или изабените делови.
Резервните делови мора да се
одобрени од Бош.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis