Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GWS Professional 27-180 PR Originalbetriebsanleitung Seite 211

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Безбедносни предупредувања специфични за жичано
четкање
Внимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна
u
дури и за време на вообичаени операции. Не ги
преоптоварувајте жиците со преоптоварување на
четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во
облека и/или кожа.
Ако се препорачува користење на заштита за
u
жичано четкање, не дозволувајте попречување
меѓу жичаниот диск или четката со заштита.
Жичаниот диск или четка може да се прошират во
дијаметар заради работното оптоварување и
центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни напомени
Носете заштитни очила.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/
u
исклучување и ставете го во позиција Исклучено,
доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
по снемување струја или влечење на струјниот
приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано
рестартирање на уредот.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Технички податоци
Аголна брусилка
Број на дел
Bosch Power Tools
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење, грубо брусење и
четкање на метални и камени материјали без употреба на
вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Со дозволените алати за брусење електричниот алат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказот на електричниот алат на
графичката страница.
(1) Копче за блокирање на вретеното
(2) Амортизација на вибрациите
(3) Прекинувач за вклучување/исклучување
(4) Дополнителна рачка (изолирана површина на
рачката)
(5) Брусно вретено
(6) Заштитен капак за брусење
(7) Завртка за фиксирање на заштитниот капак
(8) Приклучна прирабница со O-прстен
a)
(9) Брусна плоча
(10) Затезна навртка
(11) Клуч со два отвори за затезната навртка
(12) Брзозатезна навртка 
(13) Лончеста плоча од тврд метал
(14) Заштитен капак за сечење
a)
(15) Диск за сечење
a)
(16) Заштита за рацете
a)
(17) Дистанцери
a)
(18) Гумен брусен диск
a)
(19) Брусно сечило
a)
(20) Тркалезна навртка
a)
(21) Лончеста четка
(22) Капак за всисување за сечење со лизгачки
a)
водилки
(23) Дијамантски диск за сечење
(24) Рачка (изолирана површина на рачката)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
GWS 27-180 PR
GWS 27-230 PR
3 601 HC6 1..
3 601 HC7 1..
Македонски | 211
a)
a)
a)
a)
a)
GWS 27-230 JR
3 601 HC7 3..
1 609 92A 8TW | (25.09.2023)

Werbung

loading