Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GIM 60 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 114

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIM 60 Professional:

Werbung

OBJ_BUCH-2461-003.book Page 114 Thursday, September 8, 2016 12:04 PM
114 | Македонски
Приказ на батеријата
Приказот на батеријата f секогаш го покажува актуелниот
статус на батеријата
Батеријата е наполнета над 90 %.
Батеријата е наполнета меѓу 60 % и 90 %.
Батеријата е наполнета меѓу 30 % и 60 %.
Батеријата е наполнета меѓу 10 % и 30 %.
Трепка приказот за празна батерија. Состојбата на
наполнетост на батеријата е под 10 %. Откако
приказот ќе започне да трепка можете да мерите
уште околу 15–20 минути.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите од него. Доколку се
подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни темпе-
ратури или осцилации во температурата. Напр. не го
оставајте долго време во автомобилот. При големи осци-
лации во температурата, оставете го мерниот уред најп-
рво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба.
При екстремни температури или осцилации во темпера-
турата, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
 Одржувајте ја чистотата на површините на поставу-
вање и контактните површини на мерниот уред.
Заштитете го мерниот уред од потреси и удари.
Честичките нечистотија или деформациите може да
доведат до погрешно мерење.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред,
пред да го употребите за работа, секогаш извршете
контрола на точноста (види „Проверка на точноста на
мерењето", страна 115).
Вклучување/исклучување
За да го вклучите одн. исклучите мерниот уред, притиснете
на копчето за вклучување-исклучување „ON/OFF" 9.
Доколку за 30 мин не се притисне некое копче на мерниот
уред или косината на мерниот уред не се промени за повеќе
од 1,5 ° , тогаш мерењето на косини и екранот автоматски се
исклучуваат заради одржување на батеријата.
Менување на мерната единица (види слика A)
Во секое време може да ги менувате мерните единици „°",
„%" и „mm/m". За тоа, притискајте го копчето за промена на
мерните единици 8, додека не се појави саканата мерна
единица на приказот b/c. Актуелната измерена вредност
автоматски ќе се пресмета.
При исклучување и вклучување на мерниот уред, постав-
ката на мерната единица останува зачувана.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето сигнален тон 7 може да го вклучувате и исклучу-
вате сигналниот тон. При вклучен сигнален тон, на екранот
се појавува приказот g.
Кога ќе го вклучите мерниот уред, тонскиот сигнал
стандардно е вклучен.
Приказ на измерената вредност и помош при
израмнување
Измерената вредност се ажурира при секое движење на
мерниот уред. По поголеми движења на мерниот уред,
почекајте со читањето на измерената вредност, додека не
стане непроменлива.
Во зависност од положбата на мерниот уред, измерената
вредност и мерната единица ќе се прикажат на екранот
свртени за 180°. Притоа приказот се чита и при работење
на плафон.
Мерниот уред покажува преку упатствата за израмнување a
на екрнаот, во која насока мора да се заврти, за да се пос-
тигне целната вредност. При стандардните мерења, целната
вредност претставува хоризонтала доносно вертикала, во
функцијата „Hold/Copy" зачувана мерна вредност.
Доколку се постигне целната вредност, стрелките на
помошта за израмнување a се гаснат и при вклучен
сигнален тон се слуша трајниот тон.
1 609 92A 21G | (8.9.16)
Bosch Power Tools

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gim 120 professional