Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GWS Professional 18 V-LI GWS Professional 18-125 V-LI Originalbetriebsanleitung Seite 234

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-1102-006.book Page 234 Thursday, June 5, 2014 1:02 PM
234 | Македонски
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење
и четкање на метални и камени материјали без употреба
на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечење во камен мора да се погрижите за и
вшмукувањето на правта.
Технички податоци
Аголна брусилка
Број на дел/артикл
Номинален напон
Номинален број на вртежи
макс. дијаметар на брусните плочи
Навој на вретеното за брусење
макс. должина на навојот за вретеното за брусење
* во зависност од употребената батерија
** ограничена јачина при температури <0 °C
1 609 92A 0N2 | (5.6.14)
Со дозволените апарати за брусење електричниот апарат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Стрелка за правец на вртење на куќиштето
2 Копче за блокирање на вретеното
3 Прекинувач за вклучување/исклучување
4 Инбус клуч
5 Батерија*
6 Копче за отклучување на батеријата*
7 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
8 Вретено за брусење
9 Шраф за фиксирање на заштитната хауба
10 Заштитна хауба за брусење
11 Приклучна прирабница со O-прстен
12 Брусна плоча*
13 Стезна навртка
14 Брзозатезна навртка
15 Лончеста плоча од цврст метал*
16 Заштитна хауба за сечење*
17 Брусна плоча за сечење*
18 Заштита за дланките*
19 Гумен брусен диск*
20 Лист за брусење*
21 Тркалезна навртка*
22 Лончеста четка*
23 Копче за приказот за наполнетост на батеријата*
24 Приказ за наполнетоста на батеријата*
25 Рачка (изолирана површина на дршката)
26 Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка *
27 Дијамантска брусна плоча за сечење*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
GWS 18 V-LI
3 601 J3A 300
волти=
18
-1
min
10000
мм
115
M 14
мм
22
*
GWS 18-125 V-LI
3 601 J3A 301
18
10000
125
M 14
22
Bosch Power Tools

Werbung

loading