Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GST Professional 160 CE Originalbetriebsanleitung Seite 159

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Заштитен капак (види слика E)
Монтирајте го заштитниот капак (18), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (18) на електричниот алат на
тој начин што држачите ќе се вклопат на заштитата од
допир (13).
Извадете го заштитниот капак (18) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол.
Извлечете го заштитниот капак нанапред од заштитата на
допир (13).
Вклучување на системот за всисување прав
(види слики F–G)
Поставете ги млазниците за всисување (19) во
вдлабнатините на основната плоча (6).
Внимавајте запците да се вклoпат во млазниците за
всисување, како што е прикажано на сликата F во
соодветниот на основната плоча (6).
Поставете црево за всисување (20) (опрема) на
млазниците за всисување (19). Поврзете го цревото за
всисување (20) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (17).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Ниво 0
нема осцилации
Ниво I
мали осцилации
Ниво II
средни осцилации
Ниво III
големи осцилации
Bosch Power Tools
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво во правец
на влакната може да се работи со максимално
осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика H)
Основната плоча (6) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (18), млазниците за всисување (19) и
заштитата од кинење (17) не можат да се вметнат при
сечење со закосување.
– Притиснете ги млазниците за всисување (19) малку
нагоре и извадете ги од основната плоча (6).
– Извадете ги заштитниот капак (18) и заштитата од
кинење (17).
– Отворете го затегнувачкиот лост (22) на основната
плоча и лесно вметнете ја истата (6) во правец на
струјниот кабел.
– За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има
повеќе точки за вклопување. Навалете ја основната
плоча (6) согласно скалата (21) во саканата позиција.
Другите агли на косо сечење може да се подесат со
помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (6) до крај во
правец на сечилото за пила (11).
– Затворете го затегнувачкиот лост (22), за да ја
фиксирате основната плоча во поставената позиција.
Поместување на основната плоча (види слика H)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (6).
Отворете го затегнувачкиот лост (22) на основната плоча
и вметнете ја истата (6) до крај во правец на струјниот
кабел. Затворете го затегнувачкиот лост, за да ја
фиксирате основната плоча во поставената позиција.
Сечењето со поместена основна плоча (6) е можно само
со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа не треба да се
употребува заштитата од кинење (17).
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на
струготини може да се одржува чиста линијата на резот
од струготини.
Вклучете го уредот за оддувување на струготините кога
работите со големо количество на отстранет материјал од
дрво, пластика и др. Вметнете го прекинувачот (7) во
позиција „I".
Македонски | 159
1 609 92A 65L | (06.11.2020)

Werbung

loading